На 11 декември 2023 година, активистите на Станица ПЕТ организираа теренска акција во центарот на Прилеп, со цел делење на промотивен материјал за подигнување на јавната свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базирано насилство.
Како заокружување на кампањата „16 дена активизам против родово-базирано насилство“, активистите разговараа со граѓаните за важноста од препознавање, превенирање и санкционирање на оваа честа форма на насилство.
Особено е важно да се истакне дека:
„Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да се охрабри да ја побара.
Затоа, активистите за родова правда кои работат на терен се многу важни во препознавањето, идентификувањето и обезбедувањето на прва помош на жртвите, првиот чекор кој може да ги извлече од кругот на насилството.“
Активноста се реализираше со поддршка од Општина Прилеп, а во рамки на проектот: „Правно зајакнување и поддршка на најмаргинализираните“.