Во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, подготвени беа промотивни материјали за информирање и едуцирање на грѓаните од маргинализираните заедници. Во периодот мај-јули 2022 година, четири посебни акции за распределба на промотивните материјали беа организирани меѓу граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени – по една во селата каде што е активна Мобилната канцеларија за параправна помош (Кривогаштани, Ропотово и Витолиште) и една во ромската заедница во Прилеп.
























Паралелно, промотивните материјали беа поделени и до единиците на локалната самоуправа од трите општини, како и до 10 други локални институции како Центарот за социјални работи Прилеп, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување – подрачно одделение Прилеп, Министерство за земјоделство – подрачно одделение во Кривогаштани, Управа за водење на матичните книги – подрачни одделенија Прилеп и Кривогаштани и др.
На овој начин беа поделени вкупно 1535 парчиња промотивни материјали (170 маици, 240 папки, 140 тетратки, 100 торби, 500 подметачи, 300 пенкала и 225 флаери). Од оваа бројка, вкупно 1110 материјали се дистрибуирани до граѓаните на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, а 425 материјали се поделени на 10 локални институции од овие општини, согласно планот за дистрибуција.
*Проектот Пристап до правда за најмаргинализираните го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Европската Унија.