Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение.




Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“ во рамките на #WBRF програмата.
За време на посетата гостите имаа можност да посетат различни културни, верски и историски објекти во Прилеп и околината. Тие ги посетија Старата Црква „Св. Благовештение“ и Грчката Црква во Прилеп, по што следеше посета на Музејот 11 Октомври посветен на историјата на Прилеп од 20 век. Првиот ден заврши со посета на Паркот на револуцијата – Могила на непобедените.




На вториот ден од посетата учесниците ги посетија Саат-кулата и Чарши џамијата во центарот на Прилеп, а потоа и џамијата во Тризла. Краткото патување беше заокружено со посета на манастирот Трескавец во околината на Прилеп.






Во текот на посетата, двете организации потпишаа Меморандум за разбирање за идна соработка.



