About Us

Цели

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. е основано во септември 2018, а започна со активна работа во јануари 2019 година.

Самиот термин “станица” е место каде што луѓето секогаш можат да се обратат, а зборот “ПЕТ” е акроним и означува правна едукација и транспарентност. Ова значи дека ова здружение е место каде сите граѓани можат да бидат правно едуцирани и да побараат помош, но и транспарентност и отчетност од институциите.

Основните цели кон кои е насочена нашата работа и дејствување се :

  • Да им се овозможи едукација и асистенција на граѓаните во насока на остварување на нивните права, со фокус кон ранливите и маргинализирани групи, посебно кон Ромите, во делот на здравствени и социјални права.
  • Да се поттикнат институциите на системот на транспрантност и одговорност во работата, прилагодена спрема потребите на граѓаните.
  • Да се промовира еднаквост на граѓаните по сите основи, преку преземање на активности за превенција и заштита од дискриминација.
  • Да се поттикнат физичките и правните лица за нивно вклучување во акции од хуманитарен карактер, со цел намалување на сиромаштијата.
  • Да се овозможат услови за мултиетничка и социјална кохезија и делување преку вклучување на лица од различни етнички, географски и социјален профил како можност да се постигне реален и ефективен придонес за позитивни општествени промени.
  • Да се придонесе кон постигнување на родова рамноправност и справување со постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените, во насока на унапредување на вклученоста на жените во општествените процеси.

Визија: Овозможен пристап до правда за секој граѓанин.

Мисија: Да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка на институциите.

Проекти

  • ПРОГРАМА: ПРИСТАП ДО ПРАВДА
  • * COVID-19 GRASSROOTS JUSTICE PROJECT (декември 2020 - август 2021) Со поддршка од: The Fund for Global Human Rights
  • * Пристап до правда за најмаргинализираните (јануари 2020 - јули 2021) Поддржан од: ЕУ - ЕИДХР, Во партнерство со: Фонадација Отворено општество Македонија, ХОПС Опции за здрав живот - Скопје
  • * Центар за пристап до правда (јануари 2020 - јуни 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
  • * Организирање на заедницата за одговор на кризата (јуни 2020 - август 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
  • ПРОГРАМА: АНТИ-КОРУПЦИЈА
  • * Правна едукација за борба против корупција (јуни 2020 - март 2021) Со поддршка од: УСАИД - Проект за граѓанско учество/Фондација Отворено општество Македонија
  • * Намалување на корупцијата во здравството и образованието на локално ниво (ноември 2019 - октомври 2020) Со поддршка од: Фондација Отворено општество Македонија, Во партнерство со: Центар за граѓански комуникации , Центар на заедницата на Општина Струга
  • ПРОГРАМА: ОРГАНИЗАЦИСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ
  • * Транспарентно делување за отчетно однесување (јуни 2020 - ноември 2020) Со поддршка од: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Goals

Association for Legal Education and Transparency LET STATION was established in September 2018 and started with active work in January 2019.

The term “station” itself is a place where people can always turn to, and the word “LET” is an acronym, meaning legal education and transparency. This means that this association is a place where all citizens can be legally educated and seek help, but also transparency and accountability from institutions.

The main goals of our work and activity are:

  • To provide education and assistance to citizens in the realization of their rights, with a focus on vulnerable and marginalized groups, especially Roma, in the area of ​​health and social rights.
  • Encourage the institutions of the system of transparency and accountability in the work, tailored to the needs of the citizens.
  • To promote equality of citizens on all grounds, by undertaking activities for prevention and protection against discrimination.
  • Encourage individuals and legal entities to engage in humanitarian actions to reduce poverty.
  • To provide conditions for multiethnic and social cohesion and action through the inclusion of people of different ethnic, geographical and social profile as an opportunity to make a real and effective contribution to positive social change.
  • Contribute to achieving gender equality and addressing existing inequalities between men and women, with a view to promoting women's inclusion in social processes.

Vision: Provided access to justice for every citizen.

Mision: To meet the legal needs of the citizens by encouraging openness and cooperation of the institutions.

Projects

  • PROGRAM: ACCESS TO JUSTICE
  • * COVID-19 GRASSROOTS JUSTICE PROJECT (December 2020 - August 2021) Supported by: The Fund for Global Human Rights
  • * Access to justice for the most marginalized (January 2020 - July 2021) Supported by: EU - EIDHR, In partnership with: The Foundation Open Society Macedonia
  • * Center for Access to Justice (January 2020 - June 2021) Supported by: The Foundation Open Society Macedonia
  • * Community organizing to respond to the crisis (June 2020 - May 2021) Supported by: The Foundation Open Society Macedonia
  • PROGRAM: ANTI-CORRUPTION
  • * Legal Education to Fight Corruption (June 2020 - March 2021) Supported by: USAID - Civic Engagement Project/The Foundation Open Society Macedonia
  • * Reducing Corruption in health and education at the local level (November 2019 - October 2020) Supported by: The Foundation Open Society Macedonia, In partnership with: Center for Civil Communications and Community Center of the Municipality of Struga
  • PROGRAM: ORGANIZATIONAL STRENGTHENING
  • * Transparent Action for Accountable Conducting (June 2020 - November 2020), Supported by: Macedonian Centre for International Cooperation (MCIC)

Повикај итна параправна помош!

Holler Box