Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

Првиот форум се одржа на 25.11.2022 година, во социјалното претпријатие Клуб ПЕТ, каде учество зедоа родители на деца во предучилишна возраст кои чекаат прием на своите деца (0-5 години) во градинка.

Вториот форум се одржа на 20.12.2022 година во хотел Кристал Палас, а на истиот учествуваа граѓани кои ги засега проблемот со недостигот на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст. Со оглед на тоа што за време на предизборната кампања беше ветено доизградба на градинката во нас. Точила, изградба на нова градинка во нас. Кузман 2, како и пренамена на дел од просториите во ООУ Кочо Рацин за градинка, граѓаните очекуваа дека ќе биде решен проблемот со недостиг на капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст, но за жал сеуште нема никакви промени.

Третиот форум беше организиран на 22.12.2022 година, во ресторан Дел Посто во Прилеп и на истиот беше презентирана актуелната состојба со детски градинки во општина Прилеп, а граѓаните ги дадоа своите забелешки и коментари за подобрување на состојбата.

Со форумите беа опфатени вкупно 50 граѓани кои ја потенцираа потребата од зголемен граѓански ангажман и учество на граѓаните со цел поттикнување на локалната власт за исполнување на ветеното за време на предизборната кампања.

Заклучоците и препораките кои беа прибрани за време на форумите ќе бидат сумирани и ќе биде креирана Петиција, која во наредниот период ќе ја потпишат граѓаните кои зедоа учество на форумите, но и други засегнати граѓани и ќе биде доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп заради потсетување на предизборните ветувања.


Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK

Последни новости

Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп
март 3, 2023
ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ
декември 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
ноември 30, 2022
„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби
ноември 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
јули 21, 2022
Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!
јули 15, 2022
Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали
јули 8, 2022
Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
мај 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
март 23, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021
Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19
септември 28, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани
септември 27, 2021
Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?
септември 18, 2021
Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани
септември 16, 2021
Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД
септември 7, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19
август 30, 2021
Летна школа за параправници
август 3, 2021
Втора средба и работилница на Советот во заедницата
јули 27, 2021
Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош
јули 27, 2021
Станица П.Е.Т. со промотивна активност: „Вакцинирај се! Информирај се! Заштити се!“
јули 27, 2021
Едукативен караван „Правдата не е привилегија“
јули 27, 2021
Прва средба и работилница на Советот во заедницата
јули 13, 2021
Работилница за PhotoVoice
јули 2, 2021
Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!
јуни 29, 2021
Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош
јуни 10, 2021
Иницијална средба на Советот во заедницата
јуни 10, 2021
Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“
јуни 2, 2021
Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика
мај 19, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита
мај 12, 2021
Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка
април 6, 2021
Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес
март 31, 2021
Информативно видео за Борба против корупција
март 22, 2021
СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција
март 16, 2021