Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација

Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација[1] во целост ги поддржува предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на КОВИД-19 вирусот.

Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки за обезбедување поголем опфат на имунизацијата се неизбежни доколку целиме кон заштита на животот и здравјето на луѓето. Потсетуваме дека индивидуалните права можат и треба да бидат предмет на ограничување кога зад целта на ограничувањето стои повисока вредност, како во случајот заштита на здравјето и животот на сите. Напротив, непреземањето на мерки од страна на властите со цел заштита на населението од Ковид-19, под одредени околности, може да се смета за повреда на човековите права. Задолжителната вакцинација е неопходна мерка имајќи го предвид сериозниот ефект од глобалните дезинформациски кампањи кои продуцираат недоверба во науката и медицинските авторитети и директно влијаат на малиот број на вакцинирани.Должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, претставува највисока граѓанска обврска. Согласно член 39 од Уставот на Република Северна Македонија, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита, а граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Задолжителната вакцинација, која е предвидена со Законот за заштита на населението од заразни болести, во ниту еден момент не може да се доведе под сомнение дека е во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права. Согласно чл.33 ст.7 од овој Закон, Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести. Оттука, Мрежата за заштита од дискриминација смета дека е оправдано со закон да се обврзат граѓаните на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството. Живееме во услови на пандемија, каде што сите релевантни достапни и научно засновани податоци, укажуваат на тоа дека вакцинацијата против Ковид-19 е во интерес на зачувување на јавното здравје и истата претставува легитимна цел за ограничување на човековите права.

Секој има право на заштита и здравје на работното место. Токму затоа сметаме дека Комисијата не треба да прави разлика меѓу работниците во јавниот и приватниот сектор при креирање на мерките. Второ, пројавениот отпор од страна на претставници на работниците укажува на потребата од широка општествена и стручна дискусија која ќе ги вклучи сите релевантни фактори (синдикатите и здруженијата на граѓани) и надлежни институции (Комисија за заразни болести, Министерство за здравство, Државен инспекторат за труд, МТСП, Комисија за спречување и заштита од дискриминација). Отсуството на ваков дијалог најмногу може да влијае врз работниците, кои во најголем степен ќе ги трпат штетните последици од несогласувањата на општествените чинители, на начин што ќе бидат обесхрабрени да се вакцинираат и со тоа да се заштитат од Ковид-19 и неговите последици.

Овие мерки се и во рамки на меѓународното право и практика на заштита на човековите права. Според пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Vavřička and Others v. the Czech Republic задолжителната вакцинација на децата не претставува кршење на Европската конвенција за човековите права и слободи туку е неопходна во демократско општетсво. Со задолжителната вакцинација се ограничува правото на приватен живот (член 8 од ЕКЧП) кое може да се ограничи поради заштита на јавното здравје. Судот во пресудата се осврнува на пропорционалноста на мерката и одредува широка маргина на дискреција на одлучување на државите како најдобро позиционирани да донесат соодветни мерки за заштита на јавното здравје. Мерката се смета за пропорционална, со легитимна цел, заштита на населението од болести. Притоа во расудувањето е важно да се разгледа прашањето дали постои итна социјална потреба, а земајќи го предвид фактот дека сѐ уште КОВИД-19 претставува сериозна закана за јавното здравје наспроти нискиот процент на вакцинирани лесно може да се заклучи дека ваква потреба постои. Во пресудата се потенцира дека вакцинацијата е широко прифатен, ефикасен и ефективен начин на заштита на здравјето и дека поради намалување на бројот на доброволно вакцинирани државите преземаат порестриктивни мерки за да обезбедат вакцинација како задолжителна вакцинација проследена со казни или условување на уживањето на другите права со вакцинирање.

Во случајот на француските пожарникари против Франција (Abgrall and 671 Others v. France 41950/21), во кој бараа од ЕСЧП да ја суспендира обврската за вакцинација, како и сите поврзани мерки кои можат да се донесат и со кои може да им се забрани вршењето на работата, ЕСЧП го отфрли брањето бидејќи смета дека е надвор од опсегот на правилото 39 според кое судот може да донесе привремени мерки, како итни мерки со цел заштита на правата. Судот потенцираше дека правилото 39 го применува само во случаи во кои некој се соочува со реален ризик од неповратна штета.

На национално ниво, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во јули оваа година донесе мислење според кое задолжителната вакцинација на деца како услов за да се запишат во основно образование не претставува дискриминација на кој било основ. Комисијата донесе општа препорака која вели дека законите, мерките, препораките и други релевантни акти коишто се во насока на спречување, лекување и контрола на ситуација на епидемиски, ендемични и други болести не претставуваат кршење на правото на приватноста на индивидуата, на неговиот личен и семеен живот и на достоинството и угледот.

Поради сите горенаведени причини, Мрежата за спречување и заштита од дискриминација смета дека ваквите мерки се неопходни, истите не претставуваат дискриминација затоа што заштитата на јавното здравје претставува легитимна цел.

[1] Фондација Отворено општество – Македонија, ХЕРА- Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права, ЛГБТИ Центар за поддршка, Станица ПЕТ – Прилеп, Коалиција МАРГИНИ, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

NPAD Opinion: Compulsory vaccination is not an illegal restriction of rights or discrimination

The Network for Protection against Discrimination[1] fully supports the measures proposed by the Commission for Infectious Diseases in the area of ​​prevention of the spread of COVID-19 virus.

As organizations committed to the protection of human rights, we believe that stricter measures to ensure greater coverage of immunization are inevitable if we aim to protect the life and health of people. We remind you that individual rights can and should be subject to restriction when there is a higher value behind the purpose of the restriction, as in the case of protection of the health and life of all. On the contrary, the failure of the authorities to take measures to protect the population of Covid-19 may, in certain circumstances, be considered a violation of human rights. Mandatory vaccination is a necessary measure given the serious effect of global disinformation campaigns that produce distrust of science and medical authorities and directly affect the small number of vaccinated. The duty to protect and promote our own health and the health of others is the highest civic obligation. According to Article 39 of the Constitution of the Republic of North Macedonia, every citizen is guaranteed the right to health care, and the citizen has the right and duty to protect and promote his own health and the health of others. Compulsory vaccination, which is provided by the Law on Protection of the Population from Infectious Diseases, can at no time be suspected of being contrary to the Constitution and fundamental human rights and freedoms. Pursuant to Article 33 paragraph 7 of this Law, the Minister, upon the proposal of the Commission for Infectious Diseases, may prescribe vaccination for other infectious diseases. Hence, the Network for Protection against Discrimination considers that it is justified by law to oblige the citizens to vaccination against diseases whose prevention is in the interest of the society. We live in a pandemic, where all relevant available and scientifically based data suggest that vaccination against Covid-19 is in the interest of preserving public health and is a legitimate goal of restricting human rights.

Everyone has the right to protection and health in the workplace. That is why we believe that the Commission should not differentiate between public and private sector workers when creating measures. Second, the resistance expressed by workers ‘representatives indicates the need for a broad social and professional discussion that will include all relevant factors (trade unions and citizens’ associations) and competent institutions (Commission for Infectious Diseases, Ministry of Health, State Labor Inspectorate, MLSP, Commission for Prevention and Protection against Discrimination). The absence of such dialogue can have the greatest impact on workers, who will suffer the most from the harmful consequences of disagreements with social actors, in a way that will discourage them from being vaccinated and thus protecting themselves from Covid-19 and its consequences.

These measures are also within the framework of international law and practice of protection of human rights. According to the judgment of the European Court of Human Rights in the case of Vavřička and Others v. the Czech Republic Compulsory vaccination of children is not a violation of the European Convention on Human Rights and Freedoms but is necessary in a democratic society. Mandatory vaccination restricts the right to privacy (Article 8 of the ECHR) which may be restricted for the protection of public health. The court in its judgment addresses the proportionality of the measure and sets a wide margin of discretion for states to decide best positioned to adopt appropriate measures to protect public health. The measure is considered proportionate, with a legitimate aim, protection of the population from diseases. In judging, it is important to consider the question of whether there is an urgent social need, and given the fact that KOVID-19 still poses a serious threat to public health despite the low percentage of vaccinated, it can easily be concluded that such a need exists. The verdict emphasizes that vaccination is a widely accepted, effective and efficient way of protecting health and that due to the reduction in the number of voluntarily vaccinated countries take more restrictive measures to provide vaccination as mandatory vaccination followed by penalties or conditional enjoyment of other vaccination rights.

In the case of the French firefighters against France (Abgrall and 671 Others v. France 41950/21), in which they asked the ECtHR to suspend the obligation to vaccinate, as well as any related measures that could be taken and which could be prohibited The ECtHR rejected the request because it considered it to be outside the scope of Rule 39, according to which the court may adopt interim measures, such as urgent measures in order to The Court emphasized that Rule 39 applies only in cases where one faces a real risk of irreversible damage.

At the national level, the Commission for Prevention and Protection against Discrimination in July this year adopted an opinion according to which the mandatory vaccination of children as a condition for enrolling in primary education does not constitute discrimination on any grounds. The Commission adopted a general recommendation stating that laws, measures, recommendations and other relevant acts aimed at preventing, treating and controlling the situation of epidemic, endemic and other diseases do not constitute a violation of the right to privacy of the individual, his personal and family life and of dignity and reputation.

For all the above reasons, the Network for Protection against Discrimination considers that such measures are necessary, they do not constitute discrimination because the protection of public health is a legitimate goal.

[1] Open Society Foundation – Macedonia, HERA – Association for Health Education and Research, HOPS – Options for Healthy Life – Skopje, Helsinki Committee for Human Rights, LGBTI Support Center, LET Station – Prilep, Coalition MARGINI, Stronger Together, NATIONAL NETWORK to End Violence Against Women and Domestic Violence.

 

Последни новости

Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво
февруари 29, 2024
Информативен караван: „Поблиску до иновативни идеи“
февруари 21, 2024
Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво
февруари 13, 2024
Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“
декември 12, 2023
Интер-религиски инфо караван
декември 7, 2023
Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања
ноември 4, 2023
Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво
ноември 3, 2023
ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво
октомври 19, 2023
Студиска посета во Келн, Германија
октомври 12, 2023
СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп
октомври 10, 2023
5 години Станица ПЕТ
септември 21, 2023
ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија
септември 15, 2023
Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп
август 1, 2023
Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“
јули 22, 2023
Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
јуни 30, 2023
Студиска посета во Грачаница, Косово
јуни 28, 2023
Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE
јуни 23, 2023
Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!
јуни 22, 2023
Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“
мај 23, 2023
Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја
април 24, 2023
Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа
април 10, 2023
Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
април 7, 2023
Креативна акција: „Градот и трите градинки“
април 4, 2023
Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп
март 3, 2023
Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп
декември 29, 2022
ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ
декември 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
ноември 30, 2022
„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби
ноември 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
јули 21, 2022
Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!
јули 15, 2022
Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали
јули 8, 2022
Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
мај 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
март 23, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација
октомври 25, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021
ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла
септември 28, 2021