СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички!

Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување на надлежните институции во врска со забележаното подолготрајно загадување на животната средина кое се шири низ поголемиот дел на градот Прилеп и претставува опасност по здравјето на граѓаните. Имено, голем број на граѓани од различни населби од градот Прилеп, а во најголем дел од населбата Чачорица и околните населби во изминатиот период реагираат на присуство на неподнослива миризба на горење или топење на опасни материи како смола или пластика, која се јавува секој ден во вечерните часови, односно после 21 часот, а во неработните денови и преку целиот ден.

Миризбата доаѓа од комплексот во склоп на поранешната фабрика „11ти Октомври“ лоцирана во Прилеп на ул. Александар Македонски (Моша Пијаде) бр. 2/42, односно како што претпоставуваат граѓаните од некој од погоните во приватна сопственост кој моментално функционираат во комплексот на поранешната фабрика. Миризбата трае повеќе часови во текот на ноќта и истата е до толку неподнослива што граѓаните неможат да отворат прозорец ниту да се движат на отворено во наведениот период, а притоа јасно е дека не се работи за чад од некој од пожарите кој повремено се јавуваат на територијата на градот, туку повеќечасовно согорување на опасни материи. На ваквата состојба, веќе неколку недели граѓаните индивидуално реагираат со усни и писмени пријави до Центарот за управување со кризи (преку телефонскиот број 112) и во Општина Прилеп односно Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, но се досега, на ниту една од овие пријави не е постапено, односно институциите не ги земаат во предвид пријавите и состојбата не само што не се подобрува, туку секој ден има се поголем интензитет. Во врска со проблемот, граѓаните споделуваат и бројни реакции на социјалните мрежи.

 Со пријавата, а согласно постојната законска регулатива беше побарано од надлежниот инспекциски орган итно да изврши вонреден инспекциски надзор на пријавената состојба, да го утврди потеклото и предизвикувачот на опасната миризба и да изрече соодветни мерки за негово санкционирање и отстранување на опасноста. Исто така, беше побарано Народниот правобранител да го испита пропуштањето на преземање на дејствија од горенаведените органи на државната управа (Центар за управување со кризи) како и орган на единицата на локалната самоуправа (Општина Прилеп – Одделение за урбанизам и заштита на животната средина) и да преземе соодветни дејствија согласно своите надлежности за заштита на правото на граѓаните на здрава и безбедна животна средина.

После поднесената пријава, Станица ПЕТ целосно го поддржа и граѓанскиот протест на 16.09.2023 година, на кој со големо присуство од жителите на општина Прилеп, како и медиумска поддршка беше побарано од надлежните институции да се утврди потеклото и предизвикувачот на опасната миризба, да се изречат соодветни мерки за негово санкционирање и отстранување на опасноста, но и да се испита пропуштањето на преземање на дејствија од страна на органите на државната управа и покрај бројните поднесени пријави од страна на граѓаните.

За време на протестот, со изјава за медиумите и реакција се произнесе и извршната директорка на нашето здружение Весна Шапкоски, која побара одговорност од страна на надлежните институции за штетата која им се нанесува на граѓаните по нивното здравје.

Во прилог линкови од изјавата за медиуми:

*Инфокомпас

*Сител ТВ

Транспарентите на граѓаните уште појасно ја отсликуваа реалната состојба во врска со проблемот и истакнаа: „Дишењето е опасно по живот!“, „Здравјето пред профитот“, „Разбудете се, не трујат!“, „Господа трујачи! Протестирам и за вашето здравје!“.

Во текот на изминатиот период, Станица ПЕТ доби одговори од сите надлежни институции по однос на поднесената пријава, освен од Општина Прилеп, во кои се произнесуваат по однос на наводите во пријавата.

Од страна на Центарот за управување со кризи, на 26.09.2023 година, добиен е одговор дека: „по примените 9 пријави на бројот за итни повици 112, истите се обработени и согласно процедурите се испратени до Дежурен оперативен центар и Регионален центар за управување со кризи Битола, направени се и консултации со ТППЕ Прилеп и СВР Битола, постапено е согласно Мапа на работен процес и информацијата веднаш е препратена до Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп и е побарано превземање на мерки и активности за решавање на проблемот. Одржана е седница – Координативен состанок во ЛС Прилеп со сите вклучени субјекти – институции, разгледано е прашањето и е донесен заклучок Инспекторатот за екологија од ЛС Прилеп во соработка со ПС Прилеп да вршат повеќе ненајавени контроли со цел да се утврди точниот извор на миризбата, отпадот кој секојдневно се пали во кругот на фабриката да биде отстранет и да се елиминира како потенцијален извор на миризбата“.

Од страна на Инспекциски совет на РСМ, на 26.09.2023 година, добивме известување дека: „Инспекцискиот совет, со особено внимание ја разгледа претставката и дека истата ја достави во надлежност и понатамошно постапување на Државниот инспекторат за животна средина“.

На 26.09.2023 година, е добиено извесстување и од страна на Државниот инспекторат за животна средина, во кое се наведува дека: „е извршен вонреден инспекциски надзор во Друштво за производство, промет и услуги ЛАМИНАТИ КОМ ДОО – Прилеп кое поседува Б – Интегрирана еколошка дозвола. Побарано е од Општина Прилеп да се изврши Инспекциски надзор во посочениот правен субјект, како и во соседните субјекти. Потоа, на барање на општината е одржан координативен инспекциски надзор во кругот на фабриката, при што е утврдено дека на источната страна од комплексот до оградата има изгасната опожарена површина од страна на ТППЕ Прилеп и не се чувствуваше непријатна миризба. Во кругот на фабриката имаше отпадоци од индустриското производство на фабриката како и репроматеријали. За време на надзорот присуствуваше и стечајниот управник на 11 Октомври Еурокомпозити АД Прилеп во стечај кој изјави дека биле формирани две ќерки фирми – 11 Октомври Еурокомпозити и Еуромеханика и дека отпадот каде што е појавен пожарот не е во делот на правниот субјект 11 Октомври Еурокомпозити. На ден 13.09.2023 година, бил извршен и инспекциски надзор од страна на овластен инспектор за ЖС и инспектор за економски криминал од МВР – НККР Прилеп и раководителот на инспекторатот на Општина Прилеп кои во моментот на увидот забележале појава на чад и непријатна миризба за што била повикана екипа од ТППЕ Прилеп која ја изгасила опожарената површина. Понатамошна постапка се води од овластениот инспектор за животна средина од Општина Прилеп согласно законските овластувања.“

На 10.10.2023 година, добиено е известување од Народниот правобранител дека: „е покрената постапка и заради испитување на претставката во рамките на својата надлежност се обрати до Државниот инспекторат за животна средина во Скопје и побара веднаш да се изврши вонреден инспекциски надзор“.

Станица ПЕТ продолжува со внимание да го следи случајот и ќе стоиме во поддршка на правото на здрава животна средина на граѓаните на Општина Прилеп. Поради тоа, бараме сериозен, координиран и сеопфатен пристап за откривање и отстранување на изворот на загадувањето, како и санкционирање на предизвикувачот!

#enviornmentaljustice

#healthbeforewealth

Последни новости

Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“
јуни 26, 2024
Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“
мај 16, 2024
Младите заедно за градење мир, меѓуетничка толеранција и управување со конфликти
април 19, 2024
Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп
април 12, 2024
Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво
февруари 29, 2024
Информативен караван: „Поблиску до иновативни идеи“
февруари 21, 2024
Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво
февруари 13, 2024
Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“
декември 12, 2023
Интер-религиски инфо караван
декември 7, 2023
Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања
ноември 4, 2023
Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво
ноември 3, 2023
ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво
октомври 19, 2023
Студиска посета во Келн, Германија
октомври 12, 2023
5 години Станица ПЕТ
септември 21, 2023
ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија
септември 15, 2023
Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп
август 1, 2023
Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“
јули 22, 2023
Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
јуни 30, 2023
Студиска посета во Грачаница, Косово
јуни 28, 2023
Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE
јуни 23, 2023
Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!
јуни 22, 2023
Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“
мај 23, 2023
Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја
април 24, 2023
Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа
април 10, 2023
Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
април 7, 2023
Креативна акција: „Градот и трите градинки“
април 4, 2023
Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп
март 3, 2023
Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп
декември 29, 2022
ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ
декември 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
ноември 30, 2022
„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби
ноември 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
јули 21, 2022
Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!
јули 15, 2022
Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали
јули 8, 2022
Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
мај 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
март 23, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021