На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.
Петицијата беше подготвена во текот на месец јануари со прибирање на заклучоци и препораки после спроведување на форумите во заедницата и добиените одговори од Општина Прилеп на барања за пристап до информации од јавен карактер. Во месец февруари, петицијата проциркулира за потпишување до засегнати граѓани и родители на деца во предучилишна возраст, при што беа собрани 137 потписи за рекордно кратко време.
Петицијата беше доставена до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп, од кои се очекува исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст, како што беше најавено во предизборната кампања во 2021 година.
Целосната верзија на петицијата можете да ја најдете тука.
Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #ChinMK