Во текот на месец мај, 2022 беше подготвен инфографик посветен на интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини. Инфографикот ги прикажува резултатите од одржаната фокус група во март 2022 година, со која беа опфатени жители од општините Кривогаштани и Долнени.
Повеќе од половина од учесниците барем еднаш се соочиле со дискриминација.
Идентификувани се 4 случаи на интерсекциска дискриминација.
Пристапот до инфраструктура, работните односи и здравствената заштита се трите најчести области во кои е застапена дискриминацијата кон граѓаните од руралните средини.
*Активноста е дел од проектот „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“ кој се реализира со финансиска поддршка од Civica Mobilitas .