На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.



На настанот активисти на Станица П.Е.Т. со креативен перформанс ја промовираа Приказната за „Градот и трите градинки“ која всушност е краток есеј во кој на раскажувачки и сатиричен начин се опишува проблемот со недоволните капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст во Прилеп. Главната цел на настанот е да се потсети локалната власт дека во предизборната кампања беше ветено довршување на изградбата на градинката во населба Точила, изградба на нова градинка во населбата Кузман 2, како и пренемена на дел од ООУ „Кочо Рацин“ во детска градинка и со овие три активности требаше да се реши проблемот со недостатокот на капацитети за згрижување за децата кои живеат во урбаните средини на Општина Прилеп. Акцијата ја посетија околу 40ина граѓани, кои истакнаа дека: „потребно е поголемо учество на граѓаните со цел исполнување на предизборните ветувања и што поскоро пуштање во употреба на новите градинки“ – кажа Златко Шапкоски, родител. Воедно, Гордана Христовска рече: „треба да се исполнуваат предизборните ветувања и граѓаните да го добијат тоа што им било ветено, во случајов три нови детски градинки со кои ќе се влијае на квалитетот на целокупниот предучилишен образовен процес кај децата“.



Креативната акција беше поделена во 3 дела: 1. Лепење на постери во близина на локациите каде биле предвидени детските градинки со содржина: “Се бара“, но се бара градинката и е понудена награда во биткоини за сите оние кои ќе дадат информации за непостоечките градинки; 2. Поставени се патоказни табли со натпис – Детска градинка кои покажуваат насока кон неизградените градинки, а кои имаат за цел да дадат лажна перцепција дека градинките постојат. Следејќи ги патоказите граѓаните можеа да дојдат до самото место каде што ги дочекаа билборди со неостварени ветувања, кои на малку сатиричен начин ги претставуваат фактите и ветувањата дадени за градинките. и 3. Приказна за „Градот и трите градинки“ – која беше промовирана на просторот каде што сеуште стои недоизградената градинка, па со сечење на црвена лента, конфети и балони беше “фиктивно“ отворена детската градинка во населба Точила.
Целта на настанот беше да се алармира локалната, но и целата јавност за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца кое го погодува целокупното население во Прилеп и околината, но особено граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања.






Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK