На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод 22 Април – Ден на планетата земја.








За време на изложбата, граѓаните имаа можност да прочитаат некои факти и начини за заштита на животната средина и да се потсетат дека нашата планета, реки, патишта и отворени површини не се места за изложба на отпад.






Со изложбата на photo voice фотографии на еден креативен начин, граѓанскиот сектор уште еднаш укажа на потребата од зголемување на свеста за правилна селекција на отпадот и намалување на дивите депонии како би се заштитила животната средина, но и севкупното здравје на граѓаните.