СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата.

Со Извештајот се поздравува и формирањето на Комисијата, особено назначувањето на дел од членовите од граѓанскиот сектор со соодветно искуство во областа. Но, се забележуваат критиките за недостатокот на жени и лица со попречност во нејзиниот состав.. Мрежата за заштита од дискриминација  апелираше за овој проблем особено поради фактот што на огласот се пријавија лица од овие групи кои посоодветно ги исполнуваа критериумите од некои од избраните членови. Во првите неколку месеци од изборот, како што е потенцирано во Извештајот, Комисијата се соочи со бројни логистички и финансиски предизвици кои треба итно да се надминат во насока на нејзина целосна ефикасност. Мрежата забележува дека дел од сѐ уште актуелните проблеми се: формирањето на стручната служба со доволен број на вработени за целосно остварување на мандатот; избор на независен и професионален кандидат како седми член на Комисијата; донесување на интерните акти за работа; зголемување на буџетот преку објективни критериуми согласно надлежностите; креирањето на веб страницата и обезбедување на транспарентност во работењето, итн. Со цел надминување на овие предизвици, неопходно е Комисијата да добие соодветна поддршка од клучните институции.

Во однос на Народниот правобранител, во Извештајот се потенцира загриженост поради партиската припадност на избраниот кандидат. Мрежата за заштита од дискриминација апелираше за избор на кандидат според заслуга и го следеше процесот на избор на Народен правобранител кој го оцени како крајно нетранспарентен и без реална можност за учество на независни и професионални кандидати. Во Извештајот се забележуваат и недоволната екипираност на одделението за недискриминација во Народниот правобранител, потребата од назначување на замениците и потребата од зголемување на буџетот на институцијата согласно надлежностите. Се забележува дека Народниот правобранител започнал да известува за предметите за дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сепак, Мрежата за заштита од дискриминација смета дека Народниот правобранител во извештајот за 2020 година не известил согласно законската обврска која бара известување за предметите поделени по основи на дискриминација.   

Европската комисија повторно апелира сите овие позиции во независните тела да се назначат според принципот на заслуги. Притоа се потенцира дека функционалната независност на овие тела (Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител) треба постојано да биде загарантирана, меѓу другото и преку овозможување на соодветни финансиски ресурси за нивно непречено и сеопфатно функционирање.

Во Извештајот се забележува недостаток на систематско прибирање на податоци за говор на омраза, па оттука се бара проактивен и холистички пристап во справувањето со проблемот на говор на омраза и дела на омраза. Согласно податоците и искуствата на Мрежата за заштита од дискриминација органите на прогон речиси воопшто не препознаваат и не спроведуваат ефикасни постапки за заштитуваат од говор на омраза и дела на омраза, за што сѐ уште се чека на каков било напредок.

Извештајот зборува и за системските форми на дискриминација кон Ромите, лицата со попреченост, ЛГБТИ луѓето, родовата еднаквост и состојбите во затворите, за кои се потребни дополнителни и континуирани напори за да се надминат. ЕК констатира дека структурните недостатоци сè уште се забележуваат и на пазарот на трудот, што оневозможуваат потенцијален раст и развој. Родовиот јаз на пазарот на трудот во 2020 година се зголемил за 22.7 процентни поени, што се должи на фактот дека поголем дел од жените (во споредба со мажите) биле исклучени од пазарот на трудот оваа година. Стапката на вработеност кај мажите (20-64г) во 2020 година изнесувала 68.9%, а кај жените 49%, што резултира со висок родов јаз во вработеноста од 19.9 процентни поени.

Генерално, се забележува соодветна законска рамка но се забележува и недостатокот на нејзино спроведување во повеќе области. Оттука, клучна препорака на Европската Комисија во областа на дискриминација е целосно да се спроведат одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација и распределување на потребните ресурси со цел да се овозможи целосна функционалност на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

25.10.2021, Скопје

Лице за контакт:

Наташа Бошкова

075200805

natasa.boskova@gmail.com

 

The report of the European Commission for 2021 notes the adoption of the Law on Prevention and Protection against Discrimination, for the adoption of which it is emphasized that inter-party support was provided. The Report also notes the key role of the civil society sector in monitoring the work of institutions and in participating in decision-making in the field of anti-discrimination.

The Report also welcomes the establishment of the Commission, especially the appointment of some members of the civil society with relevant experience in the field. However, there are criticisms about the lack of women and people with disabilities in its composition. The Network for Protection against Discrimination appealed for this problem, especially due to the fact that people from these groups applied for the job, who more appropriately met the criteria of some of the elected members. In the first few months of the election, as highlighted in the Report, the Commission faced a number of logistical and financial challenges that urgently needed to be addressed in order to be fully effective. The network notes that some of the still current problems are: the establishment of the professional service with a sufficient number of employees to fully fulfill the mandate; election of an independent and professional candidate as the seventh member of the Commission; adoption of internal acts for work; increasing the budget through objective criteria in accordance with the competencies; creating a website and ensuring transparency in operations, etc. In order to overcome these challenges, it is necessary for the Commission to receive adequate support from key institutions.

Regarding the Ombudsman, the Report highlights concerns about the party affiliation of the elected candidate. The Network for Protection against Discrimination appealed for the selection of a candidate on merit and followed the process of election of the Ombudsman, which he assessed as extremely non-transparent and without a real opportunity for participation of independent and professional candidates. The Report also notes the insufficient staffing of the non-discrimination unit in the Ombudsman, the need to appoint deputies and the need to increase the budget of the institution in accordance with the competencies. It is noted that the Ombudsman started reporting on discrimination cases in accordance with the Law on Prevention and Protection against Discrimination. However, the Network for Protection against Discrimination considers that the Ombudsman in the report for 2020 did not report in accordance with the legal obligation that requires reporting on cases divided on grounds of discrimination.

The European Commission reiterates its call for all these positions in independent bodies to be appointed on a merit-based basis. It is emphasized that the functional independence of these bodies (the Commission for Prevention and Protection against Discrimination and the Ombudsman) should be constantly guaranteed, inter alia, by providing adequate financial resources for their smooth and comprehensive functioning.

The Report notes a lack of systematic collection of data on hate speech, hence requiring a proactive and holistic approach to tackling the problem of hate speech and hate crimes. According to the data and experiences of the Network for Protection against Discrimination, law enforcement agencies almost do not recognize and do not implement effective procedures to protect against hate speech and acts of hatred, for which any progress is still awaited.

The report also discusses systemic forms of discrimination against Roma, persons with disabilities, LGBTI people, gender equality and prison conditions, which require additional and continuous efforts to overcome. The EC notes that structural deficiencies are still being observed in the labor market, impeding potential growth and development. The gender gap in the labor market in 2020 increased by 22.7 percentage points, due to the fact that most women (compared to men) were excluded from the labor market this year. The employment rate for men (20-64 years) in 2020 was 68.9%, and for women 49%, resulting in a high gender gap in employment of 19.9 percentage points.

In general, there is an appropriate legal framework, but there is also a lack of its implementation in several areas. Hence, a key recommendation of the European Commission in the field of discrimination is to fully implement the provisions of the Law on Prevention and Protection against Discrimination and to allocate the necessary resources in order to enable the full functioning of the Commission for Prevention and Protection against Discrimination.

25.10.2021, Skopje

Contact person:

Natasha Boskova

075200805

natasa.boskova@gmail.com

Последни новости

Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп
април 12, 2024
Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво
февруари 29, 2024
Информативен караван: „Поблиску до иновативни идеи“
февруари 21, 2024
Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво
февруари 13, 2024
Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“
декември 12, 2023
Интер-религиски инфо караван
декември 7, 2023
Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања
ноември 4, 2023
Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво
ноември 3, 2023
ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво
октомври 19, 2023
Студиска посета во Келн, Германија
октомври 12, 2023
СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп
октомври 10, 2023
5 години Станица ПЕТ
септември 21, 2023
ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија
септември 15, 2023
Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп
август 1, 2023
Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“
јули 22, 2023
Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
јуни 30, 2023
Студиска посета во Грачаница, Косово
јуни 28, 2023
Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE
јуни 23, 2023
Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!
јуни 22, 2023
Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“
мај 23, 2023
Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја
април 24, 2023
Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа
април 10, 2023
Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
април 7, 2023
Креативна акција: „Градот и трите градинки“
април 4, 2023
Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп
март 3, 2023
Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп
декември 29, 2022
ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ
декември 28, 2022
Промотивен материјал со порака: точна информација за успешно лекување
ноември 30, 2022
„Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби
ноември 22, 2022
Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата
јули 21, 2022
Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!
јули 15, 2022
Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали
јули 8, 2022
Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации
јуни 2, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини
мај 25, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп
март 23, 2022
Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина
март 17, 2022
Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп
декември 28, 2021
ЗАШТИТИ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ЕДУКАТИВЕН КАРАВАН!
декември 24, 2021
Мобилна канцеларија за параправна помош
декември 23, 2021
Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми
декември 7, 2021
Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“
декември 3, 2021
Прва фокус група
ноември 30, 2021
Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион
ноември 26, 2021
Мислење на МЗД: Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата, ниту дискриминација
ноември 22, 2021
Соопштение
ноември 19, 2021
ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици
ноември 11, 2021
СООПШТЕНИЕ
ноември 11, 2021
Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп
ноември 5, 2021
Повик за анкетари
октомври 7, 2021
Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“
октомври 1, 2021