На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т.












На изложбата беа претставени 20ина уметнички претставувања кои беа изработени од учесниците на Интер-религиската школа за комуникации, од различни религиозни групи и граѓански организации.
На настанот свое обраќање имаа г-динот Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Северна Македонија, Иван Стефановски – програмски офицер во Националниот Демократски Институт и Весна Шапкоски – извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.












Со овој настан Станица П.Е.Т. испрати јасна порака за тоа дека различностите се богатството на нашето општество и дека наместо да ги потиснуваме, ние треба гласно и без ограничувања да ги истакнеме, и да покажеме дека во тие различности е нашето единство и уникатност.








*Активноста се спроведе во рамки на проектот Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција, имплементиран со поддршка од NDI North Macedonia.