Во периодот 18-19 мај 2023 година се одржа Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници -теорија и пракса“.
На пленарната сесија од конференцијата поздравни обраќања имаа Константин Јовановски – програмски офицер при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, проф. др. Горан Илиќ – проректор за наука на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, Адријана Лавчиска – програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија и вонр. проф. др. Ангелина Станојоска – продекан за наука и меѓународна соработка на Правен факултет при Универзитет Св. Климент Охридски Битола.










Во рамки на работниот дел беа презентирани 20 трудови од областа на заштитата на човековите права и овозможувањето еднаков пристап до правда за сите, а особено за припадниците на маргинализираните заедници. Автори на трудовите беа истражувачи, преставници од академската заедница како и од граѓанскиот сектор од неколку држави, кои имаа можност да споделат резултати, ставови и искуства од своите истражувања и пракса и да предалагаат мерки и чекори за подобрување на состојбите.
















Конференцијата беше организирана од страна на Фондација Отворено општество – Македонија, Станица ПЕТ и ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во партнерство со Institute for Research and European Studies и во соработка со Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола. Истата е дел од проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, кој се реализира со поддршка од Европската унија.