Како дел од Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од National Democratic Institute, тимот на Станица ПЕТ имаше можност да оствари посета на организацијата Centar Manjinske Zajednice од Грачаница, Косово.
Во рамки на дводневната посета која беше организирана и фасцилитирана од NDI Kosovo и NDI North Macedonia, имавме можност да се запознаеме со работата на организацијата – домаќин и да посетиме повеќе верски, културни и историски објекти во Грачаница и Приштина. Студиската посета се одвиваше во периодот 23 – 24 јуни 2023 година.














Благодариме на сите вклучени што ни овозможија вакво уникатно искуство и со нетрпение ја очекуваме возвратната посета кај нас во Прилеп.