Промотивни материјали

Торба (2021)

Промоција на Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени.

Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна консултација, совет, пополнување на документи, комплетирање на документација за остварување на некое право од социјална, здравствена заштита, земјоделска дејност, работни односи, лична документација, домување и сл.

Мобилните канцеларии на Станица П.Е.Т. во с. Витолиште, с. Кривогаштани и с. Ропотово работат по следниот распоред:

  1. С. Витолиште (Стара општинска зграда) секој вторник од 10-14ч.
  2. С. Кривогаштани (Општинска зграда) секоја среда од 10-14ч.
  3. С. Ропотово (Општинска зграда) секој петок од 10-14ч.

Маица (2021)

Промотивен материјал – маичка за едукација за потребата од вакцинирање за заштита против Ковид-19.

Промоторите ги запознаа граѓаните со потребата од спроведување на масовна вакцинација во сите населени места, како би се обезбедила навремена заштита и би спречиле повторно ширење на вирусот и враќање на рестриктивните мерки.

Торба (2021)

Промотивен материјал – торба за промоција на услугата „Прашај здравствен промотор“ и едукација како правилно да се користат маски за заштита од Ковид-19.

Во рамките на оваа активност, здравствените промотори ја промовираа услугата „Прашај здравствен промотор“ која е активна од почетокот на годината, а има за цел давање помош и поддршка на граѓаните за остварување на права поврзани со здравствена заштита. За оваа услуга 24/7 се активни два телефонски броеви на здружението.

Исто така, промоторите во заедницата дополнително ги едуцираа граѓаните за начинот на користење на маските со што на креативен начин активно се вклучија во одржување на свеста на граѓаните за почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.

Флаер (2021)

Телефонска линија #ПрашајЗдравственПромотор за помош и поддршка на граѓаните за права од здравствена заштита, како и асистенција за пристапување до здравствена заштита и услуги поврзани со КОВИД-19 за маргинализирани групи на граѓани.

Имате прашања и нејаснотии во врска со остварувањето на вашите здравствени права? Ви треба помош околу начинот на пристапување до здравствена заштита поврзана со КОВИД-19? Нашите здравствени промотори се достапни за совет и упатство во секое време на:
☎️ 048/620-900 – секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или
📲 075/377-317 во секое време.

*Поддршката на нашите здравствени промотори се однесува исклучиво на здравствените права и пристапот до зравствена заштита како системски прашања, а никако не е замена за здравствени или фармацевтски совети и консултации.

Леток (2020)

#ПразнувајОдговорно во кругот на семејството

Во пресрет на новогодишните празници, а поради опасност од масовни собири и зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 вирусот, здравствените промотори реализираа теренска акција со која беа опфатени околу 70 семејства на кои им беше поделен промотивен материјал со наслов „Празнувај одговорно!“.

Уште еднаш ги потсетија на препораките од здравствените служби за држење растојание од 2 метри, носење заштитна опрема (маска, марама, шал) и редовно миење на раце и дезинфекција, кои се од исклучително значење за заштита од КОВИД-19. 

Нотес (2020)

Сведок си на коруптивно однесување или препознаваш судир на интереси од страна на државна или јавна установа или единица на локална самоуправа? – #ПРЕПОЗНАЈ  #ОХРАБРИ СЕ  #ПРИЈАВИ

СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп во рамки на проектот „Правна едукација за борба против корупција“ преку своите правници и параправници кои работат на територијата на општина Прилеп и околните рурални места, обезбедува:

  • Правни совети;
  • Упатување до институции;
  • Помош при пријавување случаи на корупција.

Здружението ја обезбедува оваа правна помош бесплатно, а тоа може да биде правна информација, пополнување формулари и пишување претставки до надлежните институции, Народен правобранител и Државна комисија за спречување на корупцијата.

Услугите се строго доверливи!

Маица (2020)

Антикорупцијата во здравството низ призмата на теренската работа!

Во периодот август-септември 2020, беше изработен промотивен материјал – маица на чија предна страна беа испечатени цитати (фрази), кои се дел од заклучоците добиени од одржаните индивидуалните интервјуа и фокус групите со корисници на услуги на ЈЗУ Општа Болница Прилеп. Во текот на месец септември 2020 година беше организирана теренска акција за дистрибуција на промотивниот материјал со која беа опфатени 150 граѓани од Прилеп и околните населени места.

Голем дел од граѓаните се идентификуваа со цитатите од промотивниот материјал, и се согласија дека треба заеднички да се работи за надминување на проблемите кои постојат со години. Особено впечатлив беше моментот кога дел од нив самоиницијативно одлучија да ги носат маиците при нивната следна посета на болницата (при што за истото ни испратија и фотографии), вклучувајќи се на таков начин во активизмот за промени кој го започнавме. На ваков начин, придонесовме за демистификација на поимот „корупција“ и го сведовме на ниво кое е опипливо за граѓаните, наместо како досега – апстрактна појава која најчесто се користи за дневно-политички и партиски пресметки.

Чадор (2019)

Заштитата е универзална. Не само од дождот, нашите чадори испраќаат пораки и за вашето здравје.

Во периодот септември-октомври 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во информирање за заштита и унапредување на здравјето на децата и репродуктивното здравје на возрасните, преку редовна вакцинација и користење на контрацептивни средства. Пораки на овие теми беа пренесени на промотивен материјал – чадор кој беше поделен на 100тина семејства во Прилеп.

Платнена торба (2019)

Температурите растат, но активностите не се намалуваат!

Во текот на јули 2019, нашите Промотори во заедницата повторно реализираа повеќе неформални посети на поединци и домаќинства заради информирање за здравствените права.

Темите овојпат се однесуваа на начинот и постапката на остварување на правата на итна медицинска помош и правото на домашно лекување, како и разграничувањето помеѓу овие две кое често предизвикува забуни кај населението. Едукацијата се остваруваше преку делење на промотивен материјал – платнена торба на која од двете страни беа појаснети начинот и постапката за остварување на овие две права. Со оваа активност беа опфатени 50тина семејства од Прилеп.

Папка за документи (2019)

Едукацијата се прави и на улица, на кафе кај пријателите, низ муабет со комшиите… Активизмот не е работа, тоа е начин на живот!

Во периодот мај-јуни 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во неформална едукација на населението за постапката за остварување на правото на здравствено осигурување на лица кои штотуку наполниле 18 години, преку делење на промотивен материјал – папка за документи, на кој беше објаснета постапката на краток и разбирлив начин. Со оваа активност беа опфатени 50тина семејства од Прилеп.

Bag (2021)

Promotion of the Mobile office for paralegal aid in the municipalities of Prilep (for the Mariovo region), Krivogashtani and Dolneni.

The Mobile office for paralegal aid is a place where the citizens of these regions can turn for legal consultation, advice, filling out documents, completing documentation for exercising a right to social, health care, agricultural activity, labor relations, personal documentation, housing, etc.

The mobile offices of the LET Station in the village Vitolishte, v. Krivogashtani and v. Ropotovo are working according to the following schedule:

  1. V. Vitolishte (Old municipal building) every Tuesday from 10-14h2.
  2. V. Krivogashtani (Municipal building) every Wednesday from 10-14h
  3. V. Ropotovo (Municipal building) every Friday from 10-14h.

T-shirt (2021)

Promotional material – T-shirt for education on the need for vaccination for protection against Covid-19.

The promoters informed the citizens about the need for mass vaccination in all settlements, in order to provide timely protection and prevent the re-spread of the virus and the return of restrictive measures.

Bag (2021)

Promotional material – bag for promotion of the service “Ask a health promoter” and education on how to properly use masks for protection of Covid-19.

Flyer (2021)

Telephone line #AskAHealthPromoter for assistance and support of citizens for health protection rights, as well as assistance for access to health care and services related to COVID-19 for marginalized groups of citizens.

Do you have any questions and ambiguities regarding the exercise of your health rights? Do you need help accessing COVID-19 related healthcare? Our health promoters are available for advice and guidance at any time on:
☎️ 048/620-900 – every working day from 8:00 to 16:00 or
📲 075/377-317 at any time.

* The support of our health promoters refers exclusively to health rights and access to health care as systemic issues, and is in no way a substitute for health or pharmaceutical advice and consultation.

Leaflet (2020)

#CelebrateResponsibly in the family circle

On the eve of the New Year holidays, and due to the danger of mass gatherings and the increase in the number of infected with the COVID-19 virus, the health promoters realized a field action that covered about 70 families to whom were distributed promotional material entitled “Celebrate responsibly!”

They were once again reminded of the recommendations of the health services for keeping a distance of 2 meters, wearing protective equipment (mask, scarf) and regular hand washing and disinfection, which are extremely important for protection against COVID-19.

Umbrella (2019)

The protection is universal. Not only of the rain, our umbrellas also send messages about your health.

In the period September-October 2019, our Community Promoters have been active in informing about protecting and promoting children’s health and adult reproductive health through regular vaccination and contraceptive use. Messages on these topics were transmitted on promotional material – an umbrella that was distributed to 100 families in Prilep.

Canvas bag (2019)

Temperatures increase, but activities do not decrease!

During July 2019, our Community Promoters again conducted several informal visits to individuals and households to inform about health rights.

Topics this time were focused on the manner and procedure of exercising the right to emergency health care and the right to home treatment, as well as the distinction between the two, which often causes confusion among the population. The education was realized through distribution of promotional material – a canvas bag that explained the way and the procedure for realization of these two rights from both sides. This activity covered 50 families from Prilep.

Document Folder (2019)

Education is done on the street, at coffee with friends, through chat with neighbors … Activism is not a job, it is a way of life!

In the period of May-June 2019, our Community promoters were active in informal education of the population about the procedure for exercising the right to health insurance for people who have just turned 18 years, by sharing promotional material –document folder, in which was explained the procedure in a short and understandable way. This activity covered 50 families from Prilep.

Повикај итна параправна помош!

Holler Box