Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

На 30 септември 2021 година, се одржа завршната конференција на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните” во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС. Проектот беше финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија, а беше имплементиран во периодот од јануари 2020 до октомври 2021 година.

На завршната конференција беа презентирани постигнатите резултати на проектот и најчестите прекршувања на човековите права во време на пандемија, а се разговараше и за Законот за Бесплатна правна помош и Целта за одржлив развој 16.3 на национално ниво.

Воведни обраќања на настанот имаа г-н Фрик Јанмат, Раководител на одделението за економски развој, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-н Бојан Маричиќ, Министер за правда на Република Северна Македонија и г-а Фани Каранфилова–Пановска, Извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Во рамки на вториот панел од конференцијата беа презентирани клучните резултати на проектот како и најчестите прекршувања на човековите права кои беа идентификувани. Свои обраќања на панелот имаа Христина Василевска Димчевска – Координаторка на проектот, Игор Јадровски – член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Шапкоски – Координаторка на проектот од Станица П.Е.Т. и Хајди Штерјова Симоновиќ – извршна директорка на ХОПС.

Третиот панел беше резервиран за презентација на клучните наоди од поготвените извештаи за примена на законот за бесплатна правна помош како и за имплементацијата на ЦОР 16.3 на национално ниво. На третиот панел свои обраќања имаа: Гоце Коцевски  Македонско здружение на млади правници, Стојан Мишев – автор на Анализата за следењето на имплементацијата на Целта за одржлив развој (ЦОР) 16.3 на национално ниво и Катерина Шојиќ – авторка на Извештајот за имплемeнтација на Законот за Бесплатна правна помош.

Во рамки на проектот беа обезбедени повеќе од 5.000 услуги за најранливите граѓани – оние кои ги изгубија работните места да ги остварат правата, граѓаните кои се соочија со дискриминација и системско кршење на човековите права, на жртвите на семејно насилство, како и на граѓаните кои имаа потреба од остварување на социјалните, имотните и други права.  Заложбите продолжуваат под мотото “Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!”

Извештајот за примената на Законот за бесплатна правна помош можете да го прочитате на следниот линк


Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп.

Similar Posts

  • Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво

    На 27 февруари, организиравме Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво во с. Ропотово, општина Долнени. Овозможувањето на ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво на младите од општина Долнени беше постигнато преку првиот показен отворен ден каде беа присутни…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција

    На 25.12.2020 година, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен инфо ден за Борба против корупција. Инфо денот беше наменет за граѓаните на општина Прилеп кои се информираа како да препознаат и пријават корупција и судир на интереси. Воедно, на граѓаните им беа поделени нотеси со едукативна содржина изработени во рамките на проектот. Едукативниот ден се одржа во рамките на…

  • Соопштение

    Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани Владата на РСМ на 1 ноември 2021 ја информираше јавноста дека на 30 октомври го усвоила Предлог-буџетот за 2022 година и…

  • Официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб во с. Ропотово

    На 24.01.2025 година, официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб лоциран во зградата на Општина Долнени (с. Ропотово)! Целта на хабот е да служи како централен ресурс за едукација и информирање на заедницата за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни практики и користење на обновливи извори на енергија. Хабот ќе биде активен во два дена неделно, и…

  • Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во…

  • Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“

    На 16 октомври, во Големата сала во Општина Прилеп, Станица ПЕТ заедно со Национален демократски институт на Северна Македонија, организираше Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“. Настанот се фокусираше на застапување за креирање на општински мерки и политики кои ќе вклучуваат аспекти на меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот, а…