Дистрибуција на промотивен материјал

Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои.


Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за Центарот за зајакнување и поддршка кој функционира во рамките на Станица ПЕТ.

Картичките беа дисеминирани на дискретни и безбедни места: здравствени установи, аптеки, книжарници, локални кафулиња и преку партнери од заедницата. Со ова се обезбеди сигурен, недискриминаторски и достапен канал за сите жртви на насилство, вклучително и за оние кои припаѓаат на маргинализирани групи и кои често се соочуваат со дополнителна стигма.

Во рамките на Центарот за зајакнување и поддршка, обезбедуваме инклузивна психосоцијална поддршка за жртви на родово базирано и семејно насилство од маргинализирани групи.

Што нудиме?

  • Индивидуални и групни психосоцијални сесии
  • Советување и упатување до соодветни услуги
  • Поддршка за справување со траума и последиците од насилството
  • Безбеден, доверлив и недискриминаторски пристап

Родово базираното и семејното насилство остава последици кои не се секогаш видливи. Стравот, анксиозноста, чувството на вина, изолацијата и несигурноста можат да останат долго по насилството.

Веруваме дека секој човек заслужува достоинство, почит и безбедност без оглед на полот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, етничката припадност или која било друга лична карактеристика.

Контактирај нè на [email protected] или на +389 76 278 753 (достапен и на Viber и WhatsApp). Секој разговор е доверлив, а нашиот тим е тука да те сослуша и поддржи.


*Публикацијата (информативни картички) е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружение за правна едукациjа и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Similar Posts

  • 94 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование

    Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно…

  • Активизмот против насилството е секојдневна борба – одбележан 10 Декември во Прилеп

    На 10 декември, по повод Денот на човековите права, Здружението СТАНИЦА ПЕТ организираше информативен настан во центарот на Прилеп, со цел подигнување на свеста за родово базираното и семејното насилство и информирање на граѓаните за достапноста на услугите за психосоцијална поддршка. На јавен штанд поставен на фреквентна локација, тимот на здружението директно комуницираше со граѓаните…

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…

  • Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп

    СТАНИЦА П.Е.Т. е добитник на награда – плакета 3ти Ноември за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права. На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, на здруженија и поединци…

  • Соопштение

    Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани Владата на РСМ на 1 ноември 2021 ја информираше јавноста дека на 30 октомври го усвоила Предлог-буџетот за 2022 година и…

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…