Спроведени три едукативни работилници на тема: „Родови нееднаквости – стереотипи, предрасуди и дискриминација“

Во периодот февруари – април беа одржани вториот сет од три едукативни работилници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, на кои присуствуваа вкупно 47 учесници. Темата на работилниците беше „Стереотипи, родови стереотипи, предрасуди и дискриминација“, со фокус на препознавање на овие појави и нивното влијание врз поединците и заедницата.

Целта на работилниците беше да се поттикне критичко размислување за стереотипите како однапред создадени, поедноставени претстави и верувања за одредени групи луѓе, кои најчесто не се засноваат на лично искуство, туку на општи претпоставки.

Учесниците беа охрабрени да ги преиспитаат сопствените ставови, да ја препознаат разликата меѓу стереотип, предрасуда и дискриминација, и да согледаат како овие појави влијаат врз еднаквоста и човековите права.

Similar Posts

  • Инфографик – Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп

    Во текот на месец декември, Здружение Станица П.Е.Т. подготви инфографик со детален пример за Интерсекциска дискриминација во пристапот до јавни добра и услуги во Прилеп во кој на еден креативен начин е образложен вистински настан кој ја отсликува дискриминацијата од страна на приватни правни лица. Во рамките на инфографикот се дадени информации за поднесената претставка во Комисијата за спречување и…

  • Реализирани три фокус групи во рамки на проектот „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Во периодот 23.07. – 30.07.2020 година беа реализирани три фокус групи во рамките на проектот: „Анти – корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, за анализа на квалитетот на реалните услуги кои ги добиваат граѓаните кои се предмет на јавните набавки во здравствените установи. За време на трите фокус групи кои се одржаа на 23ти,…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Втор состанок на мрежата на адвокати и правници кои обезбедуваат поддршка на жени жртви на насилство

    Мрежата на Советот на Европа составена од специјализирани адвокати и НВО  кои oбезбедуваат поддршка за жени жртви на насилство го одржа својот втор состанок на 18-19 септември 2025 година во Стразбур, посветен на темата „Обезбедување правна помош и застапување на мигранти, баратели на азил и бегалци, жртви на родово базирано насилство, преку стратешко застапување“. Христина Здравеска, правничка во…

  • Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

    Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година. Првиот форум…

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…