Официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб во с. Ропотово

На 24.01.2025 година, официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб лоциран во зградата на Општина Долнени (с. Ропотово)!

Целта на хабот е да служи како централен ресурс за едукација и информирање на заедницата за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни практики и користење на обновливи извори на енергија.

Хабот ќе биде активен во два дена неделно, и тоа еден ден за советување и информирање и еден ден за теренски посети.

Со ова отворање беа најавени низа од последователни активности кои ќе се реализираат во соработка со Општина Долнени насочени кон преработка на отпад, производство на органско ѓубриво, но и анализа на потенцијалот на Ропотово и околината за поставување на капацитети за производство на енергија од обновливи извори.

Работата на хабот е поддржана од Општина Долнени и градоначалникот Урим Ибески, кои за потребите на активноста бесплатно ја отстапија просторијата на Советот на општината.


*Активноста е дел од проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ кој се спроведува со поддршка од Фондации Отворено Општество Западен Балкан.

Similar Posts

  • Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми

    На ден 30.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа втората фокус група со млади лица, припадници на ромската заедница.На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација. ——————————————————————————————————–Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска…

  • Информативен караван: „Поблиску до иновативни идеи“

    Промовирањето на успешни приказни од социјални и бизнис претпријатија од регионот е моќна алатка за мотивирање на младите и нивна активација. Во текот на месец февруари, во општина Долнени реализиравме Информативен караван насловен „Поблиску до иновативни идеи“ кој имаше за цел презентирање на иновативни идеи преку дистрибуција на промотивни материјали (летоци, пенкала и беџови). Со активноста беа…

  • Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа

    Во рамки на нашата секојдневна правна и праправна асистенција, освен што решаваме редовни правни и административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наидуваме и на исклучително комплексни случаи, каде граѓаните со години биле заглавени низ институционалните лавиринти, без можност да ги остварат своите права. Правдата иако понекогаш знае да биде бавна, сепак не е недостижна….

  • СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни. Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување настратешките цели на Здружението и треба да…

  • „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата!“ работилница со млади

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа работилница на тема „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата“, дел од четвртата по ред месечна акција посветена на подигнување на еколошката свест и унапредување на практиките за одговорно управување со отпадот во локалната заедница. На работилницата учествуваа 30тина млади од Прилеп и…

  • Трета средба на мултисекторски тим

    Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 30 април 2026 година  се одржа третата средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ. Целта на оваа средба беше зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите со фокус на раната идентификација и упатување на жртви, односно начинот на кој институциите…