ЕДНАКВОСТ И ПРАВДА ЗА СИТЕ
Кои сме ние ?
Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. е грас-рут организација фокусирана на правно зајакнување и пристап до правда за маргинализираните заедници, особено за ромските и руралните заедници во Северна Македонија. Во нашата работа го користиме пристапот заснован на заедницата за да ги поттикнеме граѓаните во остварувањето на нивните права, особено фокусирајќи се на здравствените и социјалните права, како и домувањето, животната средина, граѓанското учество во демократските процеси на локално ниво, транспарентноста и отчетноста на институциите и др.
Како такви, обезбедуваме правна и параправна помош и правна едукација, фасцилитираме активности на терен, мобилизацијата на заедницата и застапување за справување со најитните прашања со кои се соочуваат нашите целни групи. Нашиот тим се состои од правници, параправници и здравствени промотори во заедницата, кои работат заедно и заемно ги унапредуваат своите знаења и пракса. Како грас-рут организација ги спроведуваме нашите активности во канцеларијата на организацијата лоцирана во градот Прилеп, но и преку мобилна канцеларија која патува низ три рурални области (Мариово, Кривогаштани и Долнени) како и преку онлајн /телефонска комуникација. На ваков начин, на годишно ниво обезбедуваме околу 1200 услуги и ангажираме повеќе од 100 претставници од заедниците, различни групи и институции во активности на терен.