На 27 февруари, организиравме Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво во с. Ропотово, општина Долнени. Овозможувањето на ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво на младите од општина Долнени беше постигнато преку првиот показен отворен ден каде беа присутни претставници на бизнис заедницата и социјалните претпријатија од регионот, локални институции и граѓански организации, како и присуството на медиумите.




На настанот зедоа учество млади од општина Долнени, успешни бизниси и социјални претпријатија и претставници од општината, а истиот беше и медиумски проследен.






Активноста е дел од проектот: „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“, кој е финансиран од Европската Унија преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од Македонска развојна фондација за претпријатија, Rural Coalition – Рурална Коалиција, Junior Achievement Macedonia и ЕЛИТ – здружение на жени менаџери.