Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. е грас-рут организација фокусирана на правно зајакнување и пристап до правда за маргинализираните заедници, особено за ромските и руралните заедници во Северна Македонија. Во нашата работа ние го користиме пристапот заснован на заедницата за да ги поттикнеме граѓаните во остварувањето на нивните права, особено фокусирајќи се на здравствените и социјалните права, како и домувањето, животната средина, граѓанското учество во демократските процеис на локално ниво, транспарентноста и отчетноста на институциите и др.
Како такви, обезбедуваме правна и параправна помош и правна едукација, фасцилитираме активности на терен, мобилизацијата на заедницата и застапување за справување со најитните прашања со кои се соочуваат нашите целни групи. Нашиот тим се состои од правници, параправници и здравствени промотори во заедницата, кои работат заедно и заемно ги унапредуваат своите знаења и пракса. Како грас-рут организација ги спроведуваме нашите активности не само во канцеларијата на организацијата лоцирана во градот Прилеп, туку и преку мобилни канцеларија кои патува низ три рурални области (Мариово, Кривогаштани и Долнени) како и преку онлајн /телефонска комуникација. На ваков начин, годишно обезбедуваме околу 1200 услуги и ангажираме повеќе од 100 претставници од заедниците, различни групи и институции во активности на терен.
Исто така, посветени сме на олеснување и посредување во комуникацијата и соработката меѓу граѓаните и институциите на локално ниво, како и зголемување на граѓанското учество во процесите на донесување одлуки. Здружението е основано во 2018 година и од тогаш во континуитет реализира проекти поврзани со зајакнување на заедницата и застапување за промени.
Самиот термин “станица” е место каде што луѓето секогаш можат да се обратат, а зборот “ПЕТ” е акроним и означува правна едукација и транспарентност. Ова значи дека ова здружение е место каде сите граѓани можат да бидат правно едуцирани и да побараат помош, но и транспарентност и отчетност од институциите.
Основните цели кон кои е насочена нашата работа и дејствување се :
- Да им се овозможи едукација и асистенција на граѓаните во насока на остварување на нивните права, со фокус кон ранливите и маргинализирани групи, посебно кон Ромите, во делот на здравствени и социјални права.
- Да се поттикнат институциите на системот на транспрантност и одговорност во работата, прилагодена спрема потребите на граѓаните.
- Да се промовира еднаквост на граѓаните по сите основи, преку преземање на активности за превенција и заштита од дискриминација.
- Да се поттикнат физичките и правните лица за нивно вклучување во акции од хуманитарен карактер, со цел намалување на сиромаштијата.
- Да се овозможат услови за мултиетничка и социјална кохезија и делување преку вклучување на лица од различни етнички, географски и социјален профил како можност да се постигне реален и ефективен придонес за позитивни општествени промени.
- Да се придонесе кон постигнување на родова рамноправност и справување со постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените, во насока на унапредување на вклученоста на жените во општествените процеси.
Визија
Овозможен пристап до правда за секој граѓанин.
Мисија
Да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка на институциите.
Проекти
ПРОГРАМА: ПРИСТАП ДО ПРАВДА
- Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија (јули 2024 – јуни 2026), поддржан од Цивика Мобилитас преку програмата за грантови за граѓански ангажман, во партнерство со Центар за граѓанскa иницијативa ЦГИ од Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти од Долнени
- Legal Empowerment Fund – institutional support (јули 2024 – јуни 2025) поддржан од Fund for Global Human Rights (преку Legal Empowerment Fund)
- Економско и социјално зајакнување на повратници Роми во Прилеп, (февруари 2024 – септември 2024) поддржан од УНДП
- Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација (јуни 2023 – август 2024), поддржан од Македонско здружение на млади правници преку проект финансиран од Европската Унија
- Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени (јуни – ноември 2023), поддржан од Македонска развојна фондација за претпријатија преку проект финансиран од Европската Унија
- Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија (март 2023 – март 2025), Поддржан од Хелсиншки комитет за човекови права преку проект финансиран од Европска Унија
- Зајакнување на повратниците Роми преку еднаков пристап до економски и социјални права (декември 2022 – мај 2023) поддржан од УНДП
- Legal Empowerment Fund – institutional support (јуни 2022 – јуни 2024) поддржан од Fund for Global Human Rights (преку Legal Empowerment Fund)
- Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција (април-ноември 2022) поддржан од Национален Демократски Институт (НДИ)
- Преку вклучување на Ромите кон унапреден процес на следење на контактите за превенција во време на пандемија (мај-август 2022) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
- Утврдување на влијанијата на социјалните и економски детерминанти врз животната средина на Ромите (јануари-декември 2022) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, преку проект од СЗО
- Пристап до правда за најмаргинализираните (јануари 2022 – јули 2023) Поддржан од: ЕУ – ЕИДХР, Во партнерство со: Фондација Отворено општество Македонија, ХОПС Опции за здрав живот – Скопје
- Центар за пристап до правда (октомври 2021 – декември 2022) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
- Граѓанските приоритети, темел на јавните услуги и политики (септември – декември 2021) поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, преку проект од Влада на РСМ
- Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија ( мај 2021 – септември 2022), со поддршка од МЦМС – Цивика Мобилитас, во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права и ХОПС Опции за здрав живот Скопје
- Климатска правда за маргинализираните граѓани (мај – декември 2021) со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија
- Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби, преку партиципативно и проактивно дејствување (мај – септември 2021), поддржан од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ
- Mobile office for paralegal aid (февруари – декември 2021) со поддршка од Ukrainian Legal Aid Foundation
- COVID-19 GRASSROOTS JUSTICE PROJECT (декември 2020 – август 2021) Со поддршка од: The Fund for Global Human Rights
- Пристап до правда за најмаргинализираните (јануари 2020 – јули 2021) Поддржан од: ЕУ – ЕИДХР, Во партнерство со: Фонадација Отворено општество Македонија, ХОПС Опции за здрав живот – Скопје
- Центар за пристап до правда (јануари 2020 – септември 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
- Организирање на заедницата за одговор на кризата (јуни 2020 – август 2021) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
- Центар за пристап до правда (јануари 2019 – декември 2019) Поддржан од: Фондација Отворено општество Македонија
ПРОГРАМА: ТРАНСПАРЕНТНОСТ И АНТИ-КОРУПЦИЈА
- Граѓански ангажман за подобра иднина (ноември 2022 – април 2023) поддржан од IFES – International Foundation for Electoral Reforms преку МЦМС
- Правна едукација за борба против корупција (јуни 2020 – март 2021) Со поддршка од: УСАИД – Проект за граѓанско учество/Фондација Отворено општество Македонија
- Намалување на корупцијата во здравството и образованието на локално ниво (ноември 2019 – октомври 2020) Со поддршка од: Фондација Отворено општество Македонија, Во партнерство со: Центар за граѓански комуникации , Центар на заедницата на Општина Струга
ПРОГРАМА: ОРГАНИЗАЦИСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ
- Социјално претпријатие КЛУБ ПЕТ (јануари 2021 – јануари 2022) поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија
- Транспарентно делување за отчетно однесување (јуни 2020 – ноември 2020) Со поддршка од: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)