Повик за анкетари

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува:

ПОВИК

за ангажирање на пет (5) анкетари за спроведување на базичен комбиниран прашалник за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација

Опис на активноста

Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста А4 од Проектот насловена како Спроведување на базичен комбиниран прашалник за ранливите и маргинализирани заедници за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација која треба да се спроведе во текот на месец ноември. Анкетарите треба врз претходно подготвен прашалник да анкетираат вкупно 150 лица припадници на маргинализирани заедници. 

Работни задачи:

  • Учество на еднодневна обука за Законот за спречување и заштита од дискриминација со посебен осврт на интерсекциска дискриминација;
  • Спроведување на 30 прашалници  со користење на методот лице во лице со маргинализирани заедници (Роми и лица од руралните средини);
  • Внесување на резултатите добиени од спроведениот прашалник во електронска форма.

Потребни квалификации:

  • Да ја познава ромската заедница во Прилеп, односно руралните заедници од општините Прилеп и Кривогаштани;
  • Искуство во областа на теренската работа и работа со маргинализирани заедници;
  • Искуство во прибирање и анализа на податоци;
  • Потребна е основна писменост;
  • Претходни ангажмани во Здружение СТАНИЦА П.Е.Т кои вклучувале теренска работа со маргинализирани зедници ќе се смета за предност.

Времетраење на договорот: 1 месец

Заинтересираните кандидати да испратат своја кратка биографија (CV) на е-маил: [email protected], најдоцна до 15.10.2021 година.

Similar Posts

  • Дистрибуција на промотивен материјал

    Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои. Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за…

  • Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“

    Во периодот октомври-декември, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две трибини за промоција на Законот за бесплатна правна помош. Целта на овие обуки беше запознавање на граѓаните на општина Прилеп со основите на Законот, неговата суштина, видовите на бесплатна правна помош и неговата примена. Воедно, беше промовирана бесплатната правна помош која може да биде…

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција

    “Обезбедувањето на континуитет на правната едукација за борба против корупција на граѓаните придонесува кон разбивање на митот околу негативната појава како апстрактна, страшна и недостижна за обичниот граѓанин. Секој има право да биде информиран како да препознае и пријави корупција и судир на интереси.“ На 15.03.2021 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т….

  • Летна школа за параправници

    „Ако правото не е достапно за сите тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!“     Во периодот 28-30 јули 2021 година, се одржа летна школа за параправници која ја организираше Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Главната цел на обуката беше параправниците…

  • Креативна акција: „Градот и трите градинки“

    На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година….