Соопштение

Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани

Владата на РСМ на 1 ноември 2021 ја информираше јавноста дека на 30 октомври го усвоила Предлог-буџетот за 2022 година и дека Предлог-законот за буџетот е доставен до Собранието на РСМ. Во Предлог-законот е испланиран речиси истиот буџет за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) споредено со 2021 година, кога во неговата подготовка не учествуваа претставници на КСЗД. Имено, усвоениот Предлог-буџет за КСЗД предвидува 15.320.000,00 денари, расчленети во неколку ставки. Особено загрижува тоа што во Предлог-буџетот не се испланирани средства за спроведување на активности од страна на КСЗД во насока на промовирање на принципот на еднаквост и ефективно спречување и заштита од дискриминација.

Мрежата за заштита од дискриминација потсетува дека во изминатиов период бевме сведоци на случаи на расно профилирање и полициска бруталност врз Роми, ограничување на пристапот до здравствена заштита, повикување и поттикнување дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, кршење на правата на текстилните работнички и тн. Оттука, Мрежата за заштита од дискриминација цени дека функционалната независност на КСЗД треба да биде загарантирана, преку овозможување на соодветни финансиски ресурси за нејзино непречено и сеопфатно функционирање, што е потенцирано и од Европската комисија. Предвидениот буџет за КСЗД во Предлог-законот за буџетот на РСМ за 2022 година е манифестација на системската негрижа за најранливите групи граѓани. Малиот буџет кој не соодветствува на потребите и надлежностите на Комисијата, најмногу ќе се одрази на овие групи граѓани кои се најподложни на дискриминација.

Затоа, Мрежата за заштита од дискриминација бара изразување на политичка волја за дејствување во насока на унапредување на принципот на еднаквост со тоа што парламентарните претставници ќе го ревидираат Предлог-буџетот за КСЗД и ќе биде зголемен според потребите и надлежностите на КСЗД, а потоа и усвоен.

Оттука,

Во услови на бројни логистички и финансиски предизвици со кои се соочува КСЗД, Мрежата во неколку наврати повика на неопходноста од зголемување на буџетот преку објективни критериуми согласно надлежностите и соодветна поддршка од клучните институции. Токму нискиот буџет, недоволните и несоодветно распределените финансиски средства за остварување на надлежностите, ја загрозуваат самостојноста и независноста на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Во крајна линија, ова значи дека на најмаргинализираните значително им се ограничува пристапот до ефективен заштитен механизам, а воедно и се зајакнува и одржува системската дискриминација во нашето општество.

Скопје, 18.11.2021

Лице за контакт:                                                              

Наташа Петковска

077907536

[email protected] 

Similar Posts

  • Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 30 септември 2021 година, се одржа завршната конференција на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните” во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС. Проектот беше финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија, а беше имплементиран во периодот од јануари 2020 до октомври 2021 година. На завршната конференција беа…

  • КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОСТАНУВА ДА СЕ ИЗБИРА ПО ПАТ НА ПАРТИСКИ ДОГОВОР?!

    На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од…

  • „Од едукација до акција: Поставен првиот систем за колективно компостирање во село Ропотово“

    Во рамки на нашите активности за зајакнување на локалните капацитети за одржливо управување со отпадот, успешно реализиравме тридневна обука за компостирање со вработените од Јавното комунално претпријатие Долнени. Работилниците беа одржани на 03.04.2025, 15.04.2025 и 06.05.2025 година во с. Ропотово, која резултираше со воспоставување систем за собирање и преработка на органски отпад на локално ниво….

  • Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија

    „Комуникацијата и претставувањето во јавноста се клучни за транспарентноста и видливоста на организацијата.“ Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., на 18.09.2020 година, во просториите на здружението се одржа Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија. Проектот се спроведува во периодот јуни-ноември 2020…

  • ОТВОРЕН ПОВИК

    за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани обуки Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со седиште на ул.Прилепски бранители бр.24/1 – мезанин, 7500 Прилеп со ЕМБС 7311834 и ЕДБ 4021018536546, застапувано од извршната директорка Весна Шапкоски, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…