ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК

за избор на надворешен консултант – советник за вработување

Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе биде ангажиран во рамки на проектните активности насочени кон економско јакнење и поддршка на жени жртви на насилство.

За проектот:

Општа цел:

Подобрување на пристапот до специјализирани услуги и зајакнување на улогата на жените во локалните заедници во Северна Македонија, преку обезбедување поддршка, економско јакнење и активно вклучување во застапувачки процеси во согласност со Истанбулската конвенција.

Специфични цели:

  • Да се обезбеди континуиран пристап до психосоцијална поддршка за жени жртви на родово-базирано и семејно насилство.
  • Да се придонесе кон економска автономија и независност на жените жртви на насилство преку индивидуализирани планови за економско јакнење.
  • Да се подигне свеста кај младите за препознавање, превенција и спречување на насилство врз жените и семејното насилство.
  • Да се зајакне институционалната соработка и учеството на жените од маргинализирани групи во застапувачки процеси на локално ниво.

Опис на ангажманот:

Избраниот консултант – советник за вработување ќе биде одговорен за обезбедување стручна поддршка на корисничките опфатени со проектот.

Ангажманот ќе опфаќа:

  • спроведување индивидуални консултации со жени кориснички;
  • проценка на интересите, способностите, образовните можности и професионалните вештини на корисничките;
  • подготовка на индивидуални планови за економско јакнење и развој на вештини;
  • идентификување можности за вработување согласно потребите и можностите на корисничките;
  • обезбедување информации за достапни програми за обуки, преквалификација, дооформување образование и стекнување нови вештини;
  • поврзување и посредување со потенцијални работодавачи;
  • водење евиденција за реализираните активности;
  • соработка со проектниот тим и доставување извештај за реализираниот ангажман.

Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат лица кои ги исполнуваат следните услови:

  • имаат високо образование од областа на право, социјална работа, психологија, економија, човечки ресурси, менаџмент или сродни области;
  • имаат искуство во советување, работа со корисници или ранливи категории граѓани;
  • имаат познавање на процесите за вработување и пазарот на труд;
  • имаат искуство во подготовка на индивидуални планови, советување или посредување при вработување;
  • поседуваат комуникациски и организациски вештини.

👉 Предност ќе имаат кандидати со искуство во областа на вработување и економско јакнење.

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV),  мотивациско писмо (до 1 страница) и финансиска понуда на е-маил: [email protected]  со назнака „Пријава за консултант – советник за вработување“ најдоцна до 05.06.2026 година.

За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753.

Ангажманот е дел од проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на програмата „Јакнење на жените, заштита на правата: зајакнување на граѓанското општество за борба против родово заснованото насилство во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Фондацијата „Kvinna till Kvinna“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) и Шведска, а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

    Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп. Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и…

  • Школа за родова еднаквост

    Преку едукација и ресурси, создаваме одржливи модели на организирање на заедницата за унапредување на родовата еднаквост во регионот. Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месец декември беше успешно реализирана Школа за родова еднаквост. На школата за родова еднаквост зедоа учество 20 лица од…

  • Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

    “Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“. Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника…

  • Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“

    Денес се одржа Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“, во која јунаците од приказните  и цртаните филмови помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила.  Креативната акција беше поставена пред градинката во населба Точила, која сеуште „чека“ на свечен прием и отворање. Преку овој настан, на кој во вид на изложба се…

  • Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!

    Станица П.Е.Т. ја осудува дискриминацијата во која на група на млади Роми не им беше дозволен влез во базен. Станица П.Е.Т. застанува во поддршка против дискриминацијата од секаков вид, а особено кога таа е насочена кон Ромите. Дискриминаторската пракса во угостителските објекти и кај давателите на јавни услуги во Прилеп е долгогодишен проблем на кој ние…

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…