СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни.

Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување на
стратешките цели на Здружението и треба да помогне во зајакнувањето на севкупните
капацитети. Документот претставува рамка за планирано и ефикасно спроведување на
целите на комуникациската стратегија, како и основа за подготовка на детални
програми за спроведување на комуникациските активности. Преку комуникациската стратегија се нудат серија специфични комуникациски активности за подобрување на двостраната комуникација на
СТАНИЦА П.Е.Т. со целните групи и крајните корисници. Нејзината намена
е воспоставување одржлив систем на комуникација со сите засегнати страни при
пренесувањето на информациите.

Главните цели кои се очекува да ги оствари комуникациската стратегија се:

– Препознатливост и видливост на Здружението и

– Утврдување начини на комуникација со надворешни фактори.

Главната цел на проектот „Транспарентно делување за отчетно однесување“ е зајакнување на организациските капацитети за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни и подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите.

Комплетната верзија на Комуникациската стратегија  можете да ја најдете на следниот линк.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција

    “Обезбедувањето на континуитет на правната едукација за борба против корупција на граѓаните придонесува кон разбивање на митот околу негативната појава како апстрактна, страшна и недостижна за обичниот граѓанин. Секој има право да биде информиран како да препознае и пријави корупција и судир на интереси.“ На 15.03.2021 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т….

  • Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика

    ЗДРУЖЕНИЕ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – СКОПЈЕ Во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  Вкупен буџет: 2.599.154 МКД Времетраење: 13 месеци КОНСТИТУЕНТИ Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот. Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните…

  • Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“

    Денес се одржа Креативна акција: „Пинокио во градинка, децата дома“, во која јунаците од приказните  и цртаните филмови помагаат на прилепчани во нивните напори да проработи градинката во населбата Точила.  Креативната акција беше поставена пред градинката во населба Точила, која сеуште „чека“ на свечен прием и отворање. Преку овој настан, на кој во вид на изложба се…

  • ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за…

  • Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво

    На ден 12.02.2024 година во просториите на Станица ПЕТ се одржа средба за зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите на локално ниво за подобрување на пристапот и услугите кон осудените лица, поранешно осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи. На средбата се дискутираше за евентуални пречки во ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осудените лица…

  • Мрежа за заштита од дискриминација – Работилницата за План за застапување и Комуникациски план

    Во перидот 28-31 август 2019, Христина Здравеска како претставник од нашето здружение во Мрежата за заштита од дискриминација, беше дел од работилницата за подготовка на План за застапување и Комуникациски план. Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од…