На ден 12.02.2024 година во просториите на Станица ПЕТ се одржа средба за зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите на локално ниво за подобрување на пристапот и услугите кон осудените лица, поранешно осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи.


На средбата се дискутираше за евентуални пречки во ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осудените лица како и за заеднички заложби за поуспешна имплементација на предвидените активности и подготвените индивидуални планови согласно проектот. На средбата присуствуваа претставници на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, Канцеларија за пробација Прилеп, КПД Прилеп и Центар за вработување Прилеп.


Средбата се одржа во рамки на проектот “Локален сервис за зајакната реинтеграција“ поддржан од Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права, Македонско пенолошко друштво и Здружение ИЗБОР, финансиран од Европската Унија.