Во перидот 28-31 август 2019, Христина Здравеска како претставник од нашето здружение во Мрежата за заштита од дискриминација, беше дел од работилницата за подготовка на План за застапување и Комуникациски план. Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од дискриминација и пред домашните и меѓународните судови. Развојот на домашната практика е поттикната преку обезбедување бесплатна правна помош во стратегиски случаи на дискриминација. Мрежата беше воспоставена во декември 2010, а во неа членуваат следните 10 организации:
- Фондација отворено општество – Македонија,
- Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА),
- ХОПС – Опции за здрав живот,
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија,
- ЛГБТИ Центар за поддршка ,
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ),
- Станица П.Е.Т. – Здружение за правна едукација и транспарентност – Прилеп ,
- Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – Маргини,
- Македонско здружение на млади правници,
- Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ- Заедно посилни Скопје.


