СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција

“Обезбедувањето на континуитет на правната едукација за борба против корупција на граѓаните придонесува кон разбивање на митот околу негативната појава како апстрактна, страшна и недостижна за обичниот граѓанин.

Секој има право да биде информиран како да препознае и пријави корупција и судир на интереси.“

На 15.03.2021 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше активност – дистрибуција на промотивен материјал до граѓаните на општина Прилеп, посебно на маргинализираните групи на граѓани, во рамките на проектот: „Борба против корупција“.

Оваа активност е продолжение на сплетот активности кои се реализираа во изминатиот период за правна едукација на граѓаните за борба против корупција, чија цел беше граѓаните да добијат сеопфатна перцепција на корупцијата и судирот на интереси, да стекнат знаења поврзани со препознавање на корупција и начинот на поднесување на пријава до Државната комисија за спречување на корупција.

Similar Posts