ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

  1. За проектот:

    Општа цел: Зголемување на граѓанското учество во процесите на заштита на животната средина преку развој на активизам во заедниците и подобрување на транспарентноста и комуникацијата со властите.

    • Краткорочна цел 1: Поттикнување и развој на еколошкиот активизам во локалните заедници преку едукација и ангажирање на граѓаните.
    • Краткорочна цел 2: Зајакнување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и властите преку дигитални и интерактивни алатки.
    • Краткорочна цел 3: Подобрување на транспарентноста на властите преку достапност на информации за јавните расходи и активности за заштита на животната средина.
    1. Предмет на активноста на овој повик:

    Целта на овој повик е избор и ангажирање на еден експерт за спроведување на тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори за мониторинг и комуникација со локалните власти, кои ќе служат како посредници меѓу граѓаните и локалната власт.

    Обуката треба да се реализира преку интерактивни сесии, симулации и работа на реални примери со што ќе обезбеди практични знаења и вештини за:

    • граѓанско застапување и комуникација со локалната власт,
    • разбирање на локалните и националните еколошки политики,
    • организирање јавни акции и информирање на граѓаните,
    • ефективно посредување помеѓу потребите на заедницата и одлуките на локалната власт.
    1. Работни задачи и производ од ангажманот:
    • Подготовка на детален план и агенда за тридневната обука,
    • Разработка на работни материјали, презентации и примери,
    • Реализација на обуката преку интерактивни методи,
    • Изготвување на финален извештај по завршувањето на обуката.
    1. Профил и потребни квалификации:

    Право на пријавување имаат сите физички лица кои:

    • имаат високо образование во област поврзана со екологија, јавна администрација, општествени науки или сродна област,
    • имаат најмалку 3 години искуство во одржување обуки, тренинзи или работилници,
    • имаат релевантно знаење за локалниот и националниот контекст на животната средина и јавните политики,
    • поседуваат одлични комуникациски и фасилитаторски вештини.

    👉 Посебно ги охрабруваме експертите со искуство во граѓанско застапување и работа со заедници да се пријават.

    1. Потребни документи за пријавување, рок и начин на поднесување:
    • Кратка биографија (CV),
    • Предлог-детален план и агенда за тридневната обука
    • Финансиска понуда за спроведување на тридневна обука од кои избраниот експерт ќе има ангажман од 3 (три) ден за реализација. Максималната цена за еден експертски ден е 3.000 денари или вкупно за три дена е 9.000 денари, бруто износ.

    *Датумите за спроведување на тридневната обука ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраниот експерт. Локацијата за одржување на обуката е канцеларијата на Здружение СТАНИЦА ПЕТ во Прилеп.

    Целосната документација да ја доставите во електронска форма на е-маил: [email protected], најдоцна до 25.09.2025 година до 16:00 часот, со назнака: „Пријава за експерт-Еко иницијатива“.

    1. Евалуација на кандидатите:

    Кандидатите ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија на Здружение СТАНИЦА ПЕТ според принципот „најдобра експертиза и понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

    Критериуми и тежина на бодови:

    • Кратка биографија (CV) – 20 бода
      • Соодветност на образованието и квалификациите со потребите на проектот.
      • Јасно презентирано искуство во областа на екологија, граѓанско застапување и обуки.
    • Претходно искуство во одржување обуки, тренинзи или работилници – 25 бода
      • Доказ за реализација на слични обуки или активности со локални заедници.
      • Искористување на интерактивни методи и практични примери.
    • Предлог план и агенда за тридневната обука – 25 бода
      • Квалитет на предложената структура, содржина и активности.
      • Примена на интерактивни методи и симулации.
    • Финансиска понуда за реализација на обуката – 30 бода
      • Соодветност на понудениот надомест со проектниот буџет и очекуваната вредност.

    Вкупно: 100 бода

    Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката по завршувањето на евалуацијата.

    За дополнителни информации обратете се на: 076/278-753

    Similar Posts

    • Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

      Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на советник за поддршка и информирање Општи информации за Проектот Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен…

    • Инфографик – Интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини

      Во текот на месец мај, 2022 беше подготвен инфографик посветен на интерсекциска дискриминација на лицата кои живеат во рурални средини. Инфографикот ги прикажува резултатите од одржаната фокус група во март 2022 година, со која беа опфатени жители од општините Кривогаштани и Долнени. Повеќе од половина од учесниците барем еднаш се соочиле со дискриминација. Идентификувани се 4 случаи на…

    • Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?

      “…Станица ПЕТ ја истакнува важноста колку е клучно да се вклучат сите потенцијално засегнати страни во текот на целиот процес на развивање на идејата за социјално претпријатие, а особено заедницата со која работи организацијата. Ко-развојот и тестирањето на идејата беше долго патување, но големи се можностите што ги отвори социјалното претпријатие за генерирање флексибилни приходи кои…

    • Ден на добри дела 2026

      „Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст“. На ден 20.04.2026 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2026, организиравме акција: „Пакет Топол Момент – Добро дело што грее одвнатре“. Волонтерската акција се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од средните училишта и ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, кои…

    • Клуб П.Е.Т. се претстави на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион

      На 25.11.2021 година, Клуб П.Е.Т. зеде учество на Првиот регионален саем на социјални претпријатија од Пелагонискиот регион. За време на саемот на кој се претставија социјални претпријатија од Пелагонискиот регион, Клуб П.Е.Т. ја промовираше својата економска активност која има социјална мисија. Саемот се одржа во фоајето на Народен театар – Битола, а активноста беше организирана во рамки на…

    • Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.

      За време на предновогодишните и божиќните празници, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 70 семејства од ромската и другите населби во општина Прилеп, на кои им посакаа: да празнуваат одговорно, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19. За време на двете акции, промоторите во заедницата уште еднаш ги промовираа препораките од здравствените служби за држење растојание…