Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението.
Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија главна цел беше да даде насоки за идното дејствување на СТАНИЦА П.Е.Т., но и основа за идна подготовка на вакви извештаи. Во него се опфатени финансиските аспекти на работењето на СТАНИЦА П.Е.Т. за 2019 година и е содржано мислење на овластениот ревизор за финансиското работење на здружението.


Подготовката на ревизорскиот извештај е дел од проектот „Транспарентно делување за отчетно однесување“ чијашто цел е зајакнување на организациските капацитети за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни и подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите.
Целосната верзија на ревизорскиот извештај за 2019 година можете да ја најдете на следниот линк.