Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“

Во периодот октомври-декември, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две трибини за промоција на Законот за бесплатна правна помош. Целта на овие обуки беше запознавање на граѓаните на општина Прилеп со основите на Законот, неговата суштина, видовите на бесплатна правна помош и неговата примена. Воедно, беше промовирана бесплатната правна помош која може да биде примарна и секундарна, а граѓаните имаа можност преку практични примери да согледаат дали ги исполнуваат условите за примена на истата.

На трибината зедоа учество вкупно 56 лица – граѓани на општина Прилеп и околните рурални места, од кои најголем дел беа маргинализирани групи на граѓани.

Трибините ги водеше Доц. Д-р Ивона Шушак Лозановска – професор на Правниот факултет во Битола и раководител на Правната клиника во рамките на факултетот. Основите на соработката помеѓу Правната клиника и Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се востанови со потпишувањето на меморандумот кој има за цел остварување на плодна соработка во насока на организирање на различни форми на правна едукација, практична примена на знаење, правна помош и унапредување на пристапот до правда за сите граѓани преку давање на соодветна правна помош и совети на граѓаните кои немаат можност да ги остварат и заштитат правата кои им се повредени, а се регулирани со Уставот и законите во нашата држава, но и со меѓународните договори и конвенции.

На втората онлајн трибина учество зеде и Претставник од Подрачното одделение на Министерството за правда со кои ги дискутиравме можностите кои ги нуди законот, но и предизвиците за неговата имплементација.

Главни согледувања од јавните трибини:

  1. Корисници на ЗБПП се определени категории на граѓани кои имаат посебни потреби, односно спаѓаат во некоја од категориите на ранливи групи граѓани кои се државјани на РСМ и имаат регулиран престој, а неговата главна цел е да се овозможи и унапреди правото на физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита.
  2. Примарната правна помош се дава од страна на овластено службено лице на министерството за правда, овластено здружение и правна клиника, а секундарната правна помош ја даваат адвокати во постапка пред суд, државен орган, фондот на пензиското и инвалидско осигурување на РСМ, ФЗОМ и лица кои вршат јавни овластувања.
  3. Давателите на примарна и секундарна правна помош се одговорни за услугите и начинот на кој ги даваат, па одговараат и кривично доколку презеле обврски кои се надвор од нивниот домен на работа.
  4. Секундарната правна помош се одобрува на лице кое има потреба од стручна правна помош од адвокат за конкретна правна работа и кое не е во можност да ги плати трошоците на постапката заради неговата финансиска состојба и чие барање е оправдано.
  5. Ослободувањето од трошоци за лицето – барател на секундарна правна помош се однесува на: судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд, трошоците за вештачењето и административни такси.

Similar Posts

  • 2025 ќе биде година на НУЛА говор на омраза на етничка и религиска основа во училиштата во општините Прилеп и Долнени!

    Во текот на месец декември 2024 година, спроведовме серија на активности во општините Прилеп и Долнени за справување и одговор на говорот на омраза на етничка и религиска основа кој постои во онлајн комуникацијата помеѓу младите/учениците од основните и средните училишта. Во таа насока, беа организирани три работилници во две основни и едно средно училиште…

  • Прва средба на Ромски кризен штаб

    На 17.09.2020 година, се одржа првата средба на Ромскиот кризен штаб, кој е дел од активностите на проектот: „Организирање на заедницата за одговор на кризата“. Ромскиот кризен штаб е група од неформални лидери во заедницата каде се вклучени 6 неформални лидери од заедницата со цел организирање на заедницата за идентификување на итни проблеми и предлагање…

  • ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 24 септември 2021 во општина Кривогаштани спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во село Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од…

  • Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 27 јуни 2023 година, се одржа завршна конференција со која успешно беше заокружен проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува од јануари 2022 година и завршува во јули 2023. Воведни обраќања на настанот имаа г-н Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-а Весна Наковска, раководителка на одделението за бесплатна…

  • Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на советник за поддршка и информирање Општи информации за Проектот Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен…

  • Дводневна обука за промотори во заедницата

    Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и…