ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 24 септември 2021 во општина Кривогаштани спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во село Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од климатските промени кои се случуваат глобално, како и свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните граѓани.

Оваа креативна акција е дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. со цел овозможување на пристап до климатска правда за граѓани од маргинализирани заедници, преку идентификување на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, свртување на јавното внимание за климатските ризици во кои се наоѓаат маргинализираните групи на граѓани, од што се очекува да произлезе креирање на партнерство за вклученост на граѓаните и нивните климатски потреби во програма на локалната самоуправа. Акцијата е резултат на претходно спроведено мапирање на диви депонии во општина Кривогаштани, при што беше идентификувана една депонија на м.в. Ливадски пат, каде е создадена дива депонија која не ги задоволува ниту основните еколошки стандарди и е на штета на здравјето на граѓаните и целокупната животна средина.

Преку спроведување на оваа активност се очекува решавање на проблемот со дивите депонии преку предвидување на регуларна депонија по стандарди кои ги задоволуваат критериумите за заштита на животната средина. Со ова ќе се придонесе кон зголемување на климатската свест кај граѓаните, но и кај локалните институции за заштита на здравјето на граѓаните, но и актуелизирање на проблемот со дивите депонии и нивното штетно влијание, со што ќе се овозможи притисок од јавноста за решавање на истиот.

Перформансот на креативната акција се состоеше во изградба на проект “Дива депонија” во близина на с. Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, каде во должина од повеќе од 1 км се гради куп од најразличен отпад. Со акцијата симболично беше обележано „градилиштето“ со соодветна табла и црвена лента. Бидејќи особина на сите нас е да бегаме од одговорност, сметаме дека овој проект се гради сам од себе, без поддршка од никого. “Придобивките” од загадувањето ќе ги користат сите граѓани на општина Кривогаштани и пошироко.

Погледнете ја актуелната состојба на депонијата, на следниот линк:


 *Креативната акција се реализира во рамки на проектот “Климатска правда за најмаргинализираните граѓани” со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на СТАНИЦА П.Е.Т. и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на ФООМ.

Similar Posts

  • Правен осврт и мислење во однос на предлогот за додавање на графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните

    Актуелната јавна дебата по предлог-измените на Законот за личната карта,[1] со кои се предвидува внесување на етничката припадност на граѓаните во личните карти, отвори значајни прашања од општествен, уставен и интеграциски карактер. Имено, видно од членот 1 на постоечкиот закон, личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството и адресата на граѓанинот. Оттаму,…

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • Успешно реализиран #ЗеленПеток 5: „Размена наместо отпад“

    Петтиот #ЗеленПеток го одбележавме со акцијата „Размена наместо отпад“, иницијатива што ја слави повторната употреба и одговорната потрошувачка. Настанот беше најавен ден претходно во утринската емисија Македонија наутро на Македонска радио телевизија, што придонесе за поголема информираност и вклученост на граѓаните. Акцијата предизвика значителен интерес и позитивен одзив од заедницата. Околу 30 граѓани учествуваа во…

  • Изјава на Партнерството за правно зајакнување во Источна Европа и Централна Азија за руската инвазија на Украина

    17 март 2022 година Од 24 февруари 2022 година, нашите колеги во Украина се најдоа во воена зона. Русија брутално ја нападна Украина, започнувајќи нелегална војна против мирољубив сосед. Руската неиспровоцирана агресија достигна страшни размери. Путин и неговите соработници се лично одговорни за ова злосторство – гранатирање цивилни области, уништување на објекти на социјалната инфраструктура,…

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…