Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

На 27 јуни 2023 година, се одржа завршна конференција со која успешно беше заокружен проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува од јануари 2022 година и завршува во јули 2023.

Воведни обраќања на настанот имаа г-н Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-а Весна Наковска, раководителка на одделението за бесплатна правна помош во министерството за правда на Република Северна Македонија и г-а Љиљана Ристевска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Проектот беше уникатен бидејќи за прв пат некој помисли на луѓето од руралните средини, преку обучени параправници кои се дел од овие заедници им се помогна да ги остварат правата. Граѓани кои немаат пат, немаат автобус и немаат пристап до институции. Благодарение на Станица ПЕТ, овие, за многумина невидливи граѓани стана видливи и добија помош, насока, совет. За прв пат се формираше Мобилна канцеларија за параправна помош достапна во Витолиште, Ропотово и Кривогаштани. Ако граѓаните имаа ограничен пристап до институциите, тогаш одлучивме мобилната канцеларија да им биде достапна со тоа што ќе ја донесеме до нив.

Не помалку неопходна помош имаат и нашите сограѓани Роми. Нивната позиција е незавидна, често соочувајќи се со сиромаштија, па за нив параправниците се помош и за најмала работа: пополнување барања, придружба до институции, бидејќи само на тој начин ќе добијат квалитетна услуга, на која што имаат право.

Луѓето кои употребуваат дроги (ЛКУД) и сексуалните работници (СР) се во уште понеповолна позиција. Ако жителите на руралните средини немаат пристап до институции ЛКУД и СР покрај недостапноста се соочуваат и со отфрлање и дискриминација. Овие луѓе најчесто се во градовите, пред нашите очи, но се исплашени и немаат доверба во институциите, па не ги гледаме. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје преку своите параправници обезбедува услуги за овие луѓе. Совети, информации за теми кои им се од корист.


Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност –Станица П.Е.Т. финансиран од Европската Унија.

Similar Posts

  • Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

    На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места. Со оваа креативна акција…

  • Активизмот против насилството е секојдневна борба – одбележан 10 Декември во Прилеп

    На 10 декември, по повод Денот на човековите права, Здружението СТАНИЦА ПЕТ организираше информативен настан во центарот на Прилеп, со цел подигнување на свеста за родово базираното и семејното насилство и информирање на граѓаните за достапноста на услугите за психосоцијална поддршка. На јавен штанд поставен на фреквентна локација, тимот на здружението директно комуницираше со граѓаните…

  • Курс за правно зајакнување

    Да се знае правото, да се користи правото и да се обликува правото. Во периодот 1-6 декември 2019 година, Весна Шапкоски од нашата организација беше дел од интернационалниот Курс за правно зајакнување кој се одржа при Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. На курсот, 60тина претставници од повеќе од 30 држави во светот, преку споделување…

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…

  • Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!

    Во периодот 08.06.2022 – 14.07.2022, во текот на шест работни денови, во просториите на Клуб ПЕТ се одржа Интер-религиска школа за комуникации, на која учество зедоа вкупно 17 претставници од 4 здруженија на граѓани и 3 религиозни групи. Интер-религиска школа за комуникации Во рамки на школата, учесниците се стекнаа со знаења и вештини на четири…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението. Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија…