Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на советник за поддршка и информирање

Општи информации за Проектот

Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен кон унапредување и промоција на концептот на праведна зелена транзиција во руралните области како значаен аспект од поширокиот концепт на социјална правда. Со наведената цел, проектот се стреми кон воспоставување на основи за одржливо земјоделство и употреба на обновливи извори на енергија на начин што е правичен и инклузивен, адресирање и поправање на историските нееднаквости што ги засегаат руралните заедници, како што се недоволно инвестирање, ограничен пристап до енергетската инфраструктура и повисоки нивоа на деградација на животната средина. Традиционално маргинализираните заедници, вклучително и луѓето кои живеат во руралните средини, се особено отпорни на воведување нови практики, особено онаа што вклучува употреба на земјиште и други природни ресурси, поради страв од присилна конфискација на земјиштето, наметнување на непознати и комплицирани практики што би можеле да ги ограничат во нивната основна приходна активност. Затоа, комбинирањето на активности кои придонесуваат за праведна зелена транзиција преку концептот на социјална правда помага да се овозможи руралните заедници да имаат корист од енергетската транзиција и дека нема да бидат изоставени.

Опис на активноста предмет на овој повик

Потребата од ангажманот е за имплементација на двете компоненти на проектот кои се однесуваат на

  • воспоставување и работа на Зелен ресурсен хаб во с. Ропотово (Општина Долнени) за информирање и едуцирање на граѓаните за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни домови и користење на обновливи извори на енергија
  • поддршка во справување со органски отпад и производство на компост на ниво на општината, во соработка со комуналното претпријатие на Општина Долнени.

Времетраење и надоместок

Ангажманот е за период од 9 месеци и за истиот е предвиден надоместок од 350 УСД во денарска противвредност.   

Потребни квалификации

Завршено најмалку средно образование, најмалку едногодишно работно искуство во областите на енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и/или преработка на органски отпад.

Пријавување

Пријавите кои вклучуваат лична биографија (CV) и мотивационо писмо да се достават на емал адреса: [email protected]  најдоцна до 09.12.2024 година.

Прилеп, 06.12.2024

Similar Posts

  • „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“

    Мрежа за заштита од дискриминација и Коалиција Маргини го објавија вториот документ за јавни политики „Пристапноста на судските одлуки од областа на заштита од дискриминација во Република Северна Македонија“. Авторка на истражувањето е Александра Цветановска, проектна координаторка и правна советничка од Македонското здружение на млади правници. Уредничка на публикацијата е Билјана Котевска, истражувачка координаторка од Институт…

  • Прв состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои помагаат на жени жртви на насилство

    На 22 ноември 2024 година, Христина Здравеска – правник од нашето Здружение присуствуваше на првиот состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои работат со жени жртви на насилство кој се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Франција. Одделот за насилство врз жените на Советот на Европа го собра почетниот сет…

  • Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

    На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook. Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално…

  • Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

    Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви…

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…