Дводневна обука за промотори во заедницата

Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и социјалните права – препознавање и механизми за заштита”.

Обуката беше наменета за група активисти на здружението наречени Промоторите во заедницата, со цел да се едуцираат и истовремено преку практични примери да препознаат дискриминација и други повреди на здравствените и социјалните права, како и примена на механизмите за заштита.

Работата на обуката беше поделена во два дена, со тоа што првиот ден беше резервиран за презентирање на општите начела на дискриминацијата и како форма на поврда на правата и препознавање на дискриминацијата и другите повреди на здравствените и социјалните права, а вториот ден за улогата на институцијата Народен правобранител во заштита на правата и постапка за заштита од дискриминација и други повреди на правата пред оваа институција.

На обуката активно учество зедоа вкупно 25 лица, кои се стекнаа со општи познавања да препознаат дискриминација, научија за формите и облиците на дискриминација, како и за поднесувањето на претставки до надлежни институции. На ваков начин се зајакнува организирањето на заедницата за препознавање на повредите на правата и се поттикнува активизмот за преземање институционални мерки кога таквите повреди ќе се случат.

Согледувања од обуката:

  1. Дискриминација претставува секое разликување, исклучување, ограничување или нееднакво постапување, односно некој се однесува со некого поинаку заради нешто;
  2. Дискриминацијата може да биде директна или индиректна, повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација,  вознемирување, виктимизација, сегрегација и други потешки облици на дискриминација во која спаѓаат повеќекратна, повторена или интерсекциска дискриминација;
  3. Народниот правобранител ги штити уставните и законски права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања;
  4. Учесниците активно беа вклучени во целокупниот процес на обучувањето, при што научија да препознаат дискриминација, формите и облиците на дискриминација, како и поднесување на претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народен правобранител.

Similar Posts

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе…

  • Дистрибуција на промотивен материјал

    Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои. Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за…

  • Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми

    На ден 30.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа втората фокус група со млади лица, припадници на ромската заедница.На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација. ——————————————————————————————————–Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска…

  • Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“

    Како дел од Програмата за поттикнување на колективна акција за верски слободи во Западен Балкан спроведувана од NDI North Macedonia, претставници на нашето здружение беа дел од летната школа, која се реализираше во периодот од 17 – 21 јули 2023 година. За време на школата учесниците имаа можност да споделат искуства, предизвици, успешни приказни и научени лекции…

  • Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика

    ЗДРУЖЕНИЕ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – СКОПЈЕ Во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  Вкупен буџет: 2.599.154 МКД Времетраење: 13 месеци КОНСТИТУЕНТИ Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот. Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните…

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…