Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“

Во периодот октомври-декември, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две трибини за промоција на Законот за бесплатна правна помош. Целта на овие обуки беше запознавање на граѓаните на општина Прилеп со основите на Законот, неговата суштина, видовите на бесплатна правна помош и неговата примена. Воедно, беше промовирана бесплатната правна помош која може да биде примарна и секундарна, а граѓаните имаа можност преку практични примери да согледаат дали ги исполнуваат условите за примена на истата.

На трибината зедоа учество вкупно 56 лица – граѓани на општина Прилеп и околните рурални места, од кои најголем дел беа маргинализирани групи на граѓани.

Трибините ги водеше Доц. Д-р Ивона Шушак Лозановска – професор на Правниот факултет во Битола и раководител на Правната клиника во рамките на факултетот. Основите на соработката помеѓу Правната клиника и Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се востанови со потпишувањето на меморандумот кој има за цел остварување на плодна соработка во насока на организирање на различни форми на правна едукација, практична примена на знаење, правна помош и унапредување на пристапот до правда за сите граѓани преку давање на соодветна правна помош и совети на граѓаните кои немаат можност да ги остварат и заштитат правата кои им се повредени, а се регулирани со Уставот и законите во нашата држава, но и со меѓународните договори и конвенции.

На втората онлајн трибина учество зеде и Претставник од Подрачното одделение на Министерството за правда со кои ги дискутиравме можностите кои ги нуди законот, но и предизвиците за неговата имплементација.

Главни согледувања од јавните трибини:

  1. Корисници на ЗБПП се определени категории на граѓани кои имаат посебни потреби, односно спаѓаат во некоја од категориите на ранливи групи граѓани кои се државјани на РСМ и имаат регулиран престој, а неговата главна цел е да се овозможи и унапреди правото на физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита.
  2. Примарната правна помош се дава од страна на овластено службено лице на министерството за правда, овластено здружение и правна клиника, а секундарната правна помош ја даваат адвокати во постапка пред суд, државен орган, фондот на пензиското и инвалидско осигурување на РСМ, ФЗОМ и лица кои вршат јавни овластувања.
  3. Давателите на примарна и секундарна правна помош се одговорни за услугите и начинот на кој ги даваат, па одговараат и кривично доколку презеле обврски кои се надвор од нивниот домен на работа.
  4. Секундарната правна помош се одобрува на лице кое има потреба од стручна правна помош од адвокат за конкретна правна работа и кое не е во можност да ги плати трошоците на постапката заради неговата финансиска состојба и чие барање е оправдано.
  5. Ослободувањето од трошоци за лицето – барател на секундарна правна помош се однесува на: судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд, трошоците за вештачењето и административни такси.

Similar Posts

  • Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во…

  • Спроведени три едукативни работилници на тема: „Родови нееднаквости – стереотипи, предрасуди и дискриминација“

    Во периодот февруари – април беа одржани вториот сет од три едукативни работилници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, на кои присуствуваа вкупно 47 учесници. Темата на работилниците беше „Стереотипи, родови стереотипи, предрасуди и дискриминација“, со фокус на препознавање на овие појави и нивното влијание врз поединците и заедницата. Целта на работилниците беше да се…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на локални еко амбасадори од Општина Прилеп

    Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“ објавува: ОТВОРЕН ПОВИК  за избор на локални еко амбасадори Овој повик има за цел избор на 4 локални активисти – еко амбасадори од Општина Прилеп, кои ќе бидат дел од обука за мониторинг и комуникација…

  • Регионален настан: „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“

    На ден 29.11.2024 година во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ. На настанот се дискутираше за моменталната состојба со примената на институтот условен отпуст и се споделија…

  • Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп подготви Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош (Прилеп – Мариовски регион, Кривогаштани и Долнени). Од истражувањето произлезе инфографик каде се сумирани собраните податоци од граѓаните кои наголемо ја истакнуваат потребата од воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош во општините…

  • ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

    ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на граѓаните од ранливите групи дополнително им го отежна пристапот до правдата и пристапот до институциите, поради што сè поголем број граѓани се обраќаат до здруженијата за обезбедување бесплатна правна и параправна помош. Во изминативе 11 месеци, откако почна да…