Прва средба на Ромски кризен штаб

На 17.09.2020 година, се одржа првата средба на Ромскиот кризен штаб, кој е дел од активностите на проектот: „Организирање на заедницата за одговор на кризата“.

Ромскиот кризен штаб е група од неформални лидери во заедницата каде се вклучени 6 неформални лидери од заедницата со цел организирање на заедницата за идентификување на итни проблеми и предлагање на решенија.

За време на средбата се разговараше за проблемите и приоритетите во ромската заедница поврзани со кризата со КОВИД-19, а кои сите заеднички на различни нивоа можеме да ги пренесеме и решаваме.

*Активноста е дел од проектот “Организирање на заедницата за одговор на кризата” кој се реализира со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија.

Similar Posts

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…

  • Интерни стандарди за безбедна и професионална работа со корисниците на услугите

    На 7 и 9 октомври 2026 година, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ, се одржа дводневна обука за тимот, посветена на унапредување на интерните системи и стандардите за работа со корисниците на услугите на Здружението. Обуката ја спроведе ангажиран надворешен експерт Гоце Тошев – правник со долгогодишно искуство во развивање на интерни организациски процедури и…

  • Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. е една од добитниците на наградата на Курсот за правно зајакнување 2019

    Секоја година, во изминатите 5 години, Намати и Mрежата за правно зајакнување соработуваат со партнери за водење на Kурсот за лидерско правно зајакнување на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Целта на еднонеделниот курс е усовршување на глобален кадар на лидери кои се посветени на правно зајакнување кои споделуваат заедничко разбирање во оваа област, вклучително и историја, методологија и докази….

  • Прва средба и работилница на Советот во заедницата

    На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…

  • Хелсиншки Комитет за човекови права во партнерство со Станица П.Е.Т. и ХОПС дел од акциските грантисти на Цивика

    ЗДРУЖЕНИЕ ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА – СКОПЈЕ Во партнерство со Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  Вкупен буџет: 2.599.154 МКД Времетраење: 13 месеци КОНСТИТУЕНТИ Конституентите се разновидни во однос на неколку социо-демографски карактеристики како што се социјалниот статус, возраста, образованието, етничкото потекло и родот. Меѓу конституентите се вбројуваат: претставници од руралните…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе…