Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места.

Со оваа креативна акција на сатиричен начин укажавме на неможноста жителите од мариовските села да ги остварат своите основни секојдневни потреби како што се купување намирници, здравствени и други јавни услуги, банкарски услуги, вадење на документи, а сето тоа поради недостатокот од јавен превоз на кој со години апелираат. Нецелосната санација на патот, на кој во некои делови се чини дека единствено шпедитер може да помине, дополнително ја влошува ситуацијата.

Наместо преземање на мерки за заживување на овој живописен регион, промоција на алтернативен туризам и органско производство на храна, се чини дека централните и локалните власти единствено чекаат овие места целосно да изумрат.

* НАПОМЕНА: Акцијата беше симболична, а шпедитерската линија, возниот ред и билетите се фиктивни и истите нема во реалност да се практикуваат и користат. При реализација на акцијата не е применето никакво дејство на нехуман третман спрема вклучените животни.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…

  • Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес

    На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина…

  • Дистрибуција на промотивен материјал

    Не мораш да поминуваш низ насилството сам/а. Поддршката постои. Во изминатиот период, во рамките на активностите на здружението беше изработен и дистрибуиран промотивен материјал – Информативни картички со кои преку инклузивни пораки и информации за поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство  од маргинализирани групи беа споделени информации за психосоцијална поддршка и за…

  • СТАНИЦА ПЕТ со придонес во процесот на унапредување на Локалниот акциски план за Зелена агенда на Општина Прилеп

    На 14 мај 2026 година, тимот на Здружение СТАНИЦА ПЕТ учествуваше на фокус група организирана во соработка со Општина Прилеп, посветена на унапредувањето на Локалниот акциски план за Зелена агенда. На настанот беше разгледана нацрт-верзијата на планот, подготвена врз основа на претходно реализирана работилница, при што учесниците дискутираа за приоритетите и мерките во областа на…

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…

  • ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ТРЕТИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа ликовната изложба „Еко перспективи за Прилеп“, како дел од третата по ред месечна акција #ЗеленПеток, посветена на подигнување на еколошката свест и поттикнување активен дијалог во заедницата. Изложбата ги претстави уметничките изработки на млади учесници од Прилеп, создадени за време на едукативна ликовна работилница реализирана во ноември 2025…