Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!

Во периодот 08.06.2022 – 14.07.2022, во текот на шест работни денови, во просториите на Клуб ПЕТ се одржа Интер-религиска школа за комуникации, на која учество зедоа вкупно 17 претставници од 4 здруженија на граѓани и 3 религиозни групи.

Интер-религиска школа за комуникации

Во рамки на школата, учесниците се стекнаа со знаења и вештини на четири главни теми и тоа: комуникација, интер-религиски вредности и слободи, работа во заедницата и креативен активизам. Школата се реализираше по претходно подготвен курикулум од страна на две искусни експертки од наведените области – Моника Талеска и Марина Тошеска, и истата се реализираше во вкупно 18 работни сесии.

Сесиите се реализираа интерактивно и со многу голема вклученост на учесниците, преку комбинација на дискусии и креативни вежби, што ги приближи учесниците едни до други со секој следен час. Иако доаѓаа од различна возраст и потекло, сите учесници заедно создадоа една енергична и кохезивна група која постигна огромен напредок кон меѓурелигиското разбирање и прифаќање.

  • Школата беше иницирана на 8 јуни, со првите сесии за работа во заедницата и креативно изразување.
  • Вториот час се одржа на 16 јуни, продолжувајќи со оваа тема, со особен фокус на еднаквоста и правдата, социјалното претприемништво и подобрување и унапредување на креативните вештини.
  • Понатаму, школата продолжи со третиот час на 23 јуни, со основите на комуникацијата, интер-религиските вредности, стереотипите и предрасудите.
  • На 30 јуни, четвртиот час беше посветен на исклучително важната вештина на отворена комуникација, која е клучот не само за промовирање на сопствените религиозни убедувања, туку и за прифаќање на верувањата на другите.
  • Петтиот час, кој се одржа на 7 јули беше посветен повторно на комуникацијата како вештина која има моќ да ги поврзе или да ги подели нашите заедници, во зависност од тоа како ја употребуваме. Притоа, стана збор за ширењето на позитивни вибрации и добрина, но и за говорот на омраза, како две спротивности крајности од нашата интеракција, кои е важно да ги распознаваме за да бидеме свесни за последиците кои ги предизвикуваме.
  • На последниот ден од школата, како завршна активности учесниците изработија уметнички креативни творби, секој според своите афинитети, со кои ги изразија сопствените верувања и вредности. Овие творби ќе бидат наскоро изложени на јавна изложба, каде пошироката јавност ќе може да се запознае со нивното значење и она што учесниците имаа можност да го научат и споделат за време на школата. За крај, секој од нив доби сертификат за своето учество и симболичен подарок од СТАНИЦА П.Е.Т. како потсетник за ова инспиративно искуство.

*Активноста е дел од проектот Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција кој се реализира со поддршка на Националниот Демократски Институт (NDI) .

Similar Posts

  • Едукативно предавање: „Семејно насилство и малолетнички бракови“

    Детските бракови се многу честа причина и извор на родово-базирано насилство! На ден 26.11.2024 година, во соработка со МВР – Сектор за внатрешни работи – Битола и Одделение за внатрешни работи – Прилеп организиравме едукативно предавање на тема „Семејно насилство и малолетнички бракови“ како уште една во низата активности за одбележување на 16 дена активизам…

  • Работилница за PhotoVoice

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 01.07.2021 година во рамките на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, спроведе работилница за подготовка на PhotoVoice. Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската…

  • Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и нов Народен правобранител

    Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието итно да ги започне постапките за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и избор на нов Народен Правобранител. Законот за спречување и заштита од дискриминација стапи на сила со објавувањето во Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 258/2020 на 30.10.2020. Согласно…

  • ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – населба Тризла

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 25 септември 2021 во општина Прилеп спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во населба Тризла 2, м.в. Кај Крстот, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста…

  • Мрежа за заштита од дискриминација: Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

    Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција

    На 25.12.2020 година, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен инфо ден за Борба против корупција. Инфо денот беше наменет за граѓаните на општина Прилеп кои се информираа како да препознаат и пријават корупција и судир на интереси. Воедно, на граѓаните им беа поделени нотеси со едукативна содржина изработени во рамките на проектот. Едукативниот ден се одржа во рамките на…