Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и околината за основање капацитет за производство на обновлива енергија (соларна фарма)

Општи информации за Проектот

Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен кон унапредување и промоција на концептот на праведна зелена транзиција во руралните области како значаен аспект од поширокиот концепт на социјална правда. Со наведената цел, проектот се стреми кон воспоставување на основи за одржливо земјоделство и употреба на обновливи извори на енергија на начин што е правичен и инклузивен, адресирање и поправање на историските нееднаквости што ги засегаат руралните заедници, како што се недоволно инвестирање, ограничен пристап до енергетската инфраструктура и повисоки нивоа на деградација на животната средина. Традиционално маргинализираните заедници, вклучително и луѓето кои живеат во руралните средини, се особено отпорни на воведување нови практики, особено онаа што вклучува употреба на земјиште и други природни ресурси, поради страв од присилна конфискација на земјиштето, наметнување на непознати и комплицирани практики што би можеле да ги ограничат во нивната основна приходна активност. Затоа, комбинирањето на активности кои придонесуваат за праведна зелена транзиција преку концептот на социјална правда помага да се овозможи руралните заедници да имаат корист од енергетската транзиција и дека нема да бидат изоставени.

Опис на активноста предмет на овој повик

Потребата од ангажманот е за имплементација на проектната компонента која се однесува на:

  • Подготовка на физибилити студија која опфаќа техничка, економска и еколошка одржливост за соларна фарма во Ропотово

Студијата се однесува на утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и околината за основање капацитет за производство на обновлива енергија (соларна фарма) и истата ќе ја изработат двајца експерти (експертот ангажиран со овој повик и уште еден експерт од областа на градежништво). Студијата треба да биде насочена кон одредување на клучните физибилити точки како што се: доволно просечни сончеви часови годишно, постоење и локација на големо, рамно земјиште со минимално засенчување, неподобно за земјоделска или конзерваторска употреба, непосредна близина до постоечката инфраструктура за пренос на електрична енергија, минимални еколошки ризици, поволни перспектива на заедницата и постоење на владина поддршка, како и утврдување на поволност на постоечката регулатива. Студијата треба да обезбеди сеопфатна проценка на соодветноста на Ропотово за соларна фарма, балансирајќи ги техничките, економските, еколошките и социјалните аспекти. По подготовката на студијата, експертот треба да учествува во завршен јавен настан за промовирање на наодите.

Времетраење и надоместок

Ангажманот за подготовка на студијата ќе биде за времетраење од 6 месеци во периодот јануари – јуни 2025 година. Завршниот настан за промовирање на наодите ќе се реализира во месец август 2025 година. За ангажманот е предвиден бруто надоместок од 1200 УСД во денарска противвредност.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование (240 ЕКТС или VII-1 степен) од областа на енергетика/електротехника.
  • Најмалку 2 години работно искуство на подготовка/имплементација на проекти поврзани со обновливи извори на енергија.
  • Одлично познавање на методолошки и аналитички алатки и техники.  

Пријавување

Пријавите кои вклучуваат лична биографија (CV), мотивационо писмо и финансиска понуда да се достават на емал адреса: [email protected]  најдоцна до 31.12.2024 година.

Прилеп, 25.12.2024

Similar Posts

  • Интерни стандарди за безбедна и професионална работа со корисниците на услугите

    На 7 и 9 октомври 2026 година, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ, се одржа дводневна обука за тимот, посветена на унапредување на интерните системи и стандардите за работа со корисниците на услугите на Здружението. Обуката ја спроведе ангажиран надворешен експерт Гоце Тошев – правник со долгогодишно искуство во развивање на интерни организациски процедури и…

  • ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „ЕКО ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ПРИЛЕП“ ЗА ВТОРИОТ #ЗЕЛЕНПЕТОК

    Го одбележавме вториот #зеленпеток со ликовна работилница за млади на возраст од 15 до 29 години, под наслов „Еко перспективи за Прилеп“. Работилницата се одржа во нашата канцеларија и собра креативни млади учесници кои преку уметност ја изразија својата визија за почиста и позелена заедница. На настанот учествуваа околу триесет млади, секој со своја автентична…

  • Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници – теорија и пракса“

    Во периодот 18-19 мај 2023 година се одржа Меѓународна научна конференција „Човекови права и пристап до правда за најмаргинализираните заедници -теорија и пракса“. На пленарната сесија од конференцијата поздравни обраќања имаа Константин Јовановски – програмски офицер при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, проф. др. Горан Илиќ – проректор за наука на Универзитетот Св. Климент…

  • Биди одговорен кон себе и другите!

    Со цел да се избегне организирањето на масовни собири, нашите Промотори во заедницата во периодот март – април остварија околу 200 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, поделија флаери со препораките од СЗО и Министерството за здравство и средства за лична хигиена. Активноста беше насочена кон семејствата кои поради сиромаштијата, лошите услови…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…

  • НОСИ МАСКА, МИЈ РАЦЕ И ДРЖИ 2 МЕТРИ РАСТОЈАНИЕ!

    Дел од мерките се олабавија, но она што се случува деновиве со бројот на заболени ни покажува дека НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ! Во текот на изминатата недела нашите Промотори во заедницата остварија околу 120 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, каде поделија маски, средства за лична хигиена и симболично метро,…