Теренска акција: „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто!“

На 11 декември 2023 година, активистите на Станица ПЕТ организираа теренска акција во центарот на Прилеп, со цел делење на промотивен материјал за подигнување на јавната свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базирано насилство.

Како заокружување на кампањата „16 дена активизам против родово-базирано насилство“, активистите разговараа со граѓаните за важноста од препознавање, превенирање и санкционирање на оваа честа форма на насилство.

Особено е важно да се истакне дека:

„Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да се охрабри да ја побара.

Затоа, активистите за родова правда кои работат на терен се многу важни во препознавањето, идентификувањето и обезбедувањето на прва помош на жртвите, првиот чекор кој може да ги извлече од кругот на насилството.“


Активноста се реализираше со поддршка од Општина Прилеп, а во рамки на проектот: „Правно зајакнување и поддршка на најмаргинализираните“.

#NoExcuse

#TheVoicesWeNeed

Similar Posts

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • Официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб во с. Ропотово

    На 24.01.2025 година, официјално започна со работа Зелениот ресурсен хаб лоциран во зградата на Општина Долнени (с. Ропотово)! Целта на хабот е да служи како централен ресурс за едукација и информирање на заедницата за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни практики и користење на обновливи извори на енергија. Хабот ќе биде активен во два дена неделно, и…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…

  • Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво

    Во периодот 30-31 октомври во хотел Монтана, Крушево се одржа Едукативна школа за социјално и бизнис претприемништво со цел постигнување на зголемена свесност кај младите и информираност за можностите кои ги нудат социјалното и бизнис претприемништво. На едукативната школа беа присутни 20 млади од општина Долнени кои ги зголемија своите знаења за клучните аспекти и предуслови за започнување и…

  • КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОСТАНУВА ДА СЕ ИЗБИРА ПО ПАТ НА ПАРТИСКИ ДОГОВОР?!

    На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од…

  • Прва средба на Ромски кризен штаб

    На 17.09.2020 година, се одржа првата средба на Ромскиот кризен штаб, кој е дел од активностите на проектот: „Организирање на заедницата за одговор на кризата“. Ромскиот кризен штаб е група од неформални лидери во заедницата каде се вклучени 6 неформални лидери од заедницата со цел организирање на заедницата за идентификување на итни проблеми и предлагање…