Во периодот 20-24 ноември Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од Националниот Демократски Институт, реализираше Интер-религиски инфо караван во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.






Со караванот беа опфатени околу 150 граѓани од 6 населени места во овие општини, со кои беа споделени промотивни материјали и пораки за развој и поттикнување на меѓусебна толеранција и дијалог помеѓу граѓаните од различни религии и етникуми.



