Работата на здравствените промотори презентирана на 16иот Светски конгрес за јавно здравје

На 14.10.2020 година, извршната директорка на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. – Весна Шапкоски учествуваше на 16иот Светски конгрес за јавно здравје каде имаше усна презентација на тема: „Развој и зајакнување на здравствените промотори во заедницата во Прилеп, Северна Македонија“.

Во рамките на конгресот беше презентирана работата на здравствените промотори на СТАНИЦА П.Е.Т. пред светската јавност.

Главни поенти од презентацијата:

  1. Скриена дискриминација при лекување, неможност за плаќање на здравствени услуги, недоволно информирање за здравствените и социјалните права, се само дел од пречките со кои се соочуваат ромското население и другите маргинализирани заедници во однос на остварувањето на здравствените права во Северна Македонија.
  2. Во изминатата година, беше формирана група од 18 активисти од ромската заедница наречени Промотори на здравјето на заедницата. Нивната задача е да ги следат движењата на заедницата, да споделуваат промотивни материјали, да иницираат дискусии на теми за здравствена заштита, да идентификуваат какви проблеми со кои се соочуваат граѓаните, особено оние што произлегуваат од некои системски пречки. Револуционерен чекор за создавање на оваа група е тоа што СТАНИЦА П.Е.Т. идентификуваше и 4 дополнителни активисти не-Роми кои доброволно се пријавија да бидат дел од неа. Бројот на промоторите на здравјето во заедницата до крајот на претходната година достигна 22 лица (18 Роми и 4 не-Роми).
  3. Од работата на промоторите во заедницата беа идентификувани над 100 индивидуални случаи и 2 големи системски пречки кои беа причина за неостварување на некои права од здравствена заштита.

Клучни пораки:

  1. Ако правото не е еднакво за сите, тоа не е право, туку е привилегија.
  2. Работата која се базира на заедницата е единствениот начин да се открие дали законите се применливи за сите или само за малкумина.

Цeлосниот апстракт е објавен во 30тото издание на European Journal of Public health во издание на Oxford Academic.

Светкиот конгрес за јавно здравје под мотото: “Јавното здравје за иднината на човештвото – Анализи, застапување и акција“, оваа година се реализираше во периодот 12-16 октомври и тоа целосно виртуелно, во организација на World Federation Of Public Health Associations-WFPHA и European Public Health Association – EUPHA and Società Italiana Di Igiene

Similar Posts

  • Летна школа: „Fostering Collective Action on Religious Freedom in the Western Balkans“

    Како дел од Програмата за поттикнување на колективна акција за верски слободи во Западен Балкан спроведувана од NDI North Macedonia, претставници на нашето здружение беа дел од летната школа, која се реализираше во периодот од 17 – 21 јули 2023 година. За време на школата учесниците имаа можност да споделат искуства, предизвици, успешни приказни и научени лекции…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на учесници за „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…

  • ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

    ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на граѓаните од ранливите групи дополнително им го отежна пристапот до правдата и пристапот до институциите, поради што сè поголем број граѓани се обраќаат до здруженијата за обезбедување бесплатна правна и параправна помош. Во изминативе 11 месеци, откако почна да…

  • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

    Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…