Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат!

На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје.

На средбата беа присутни 16 лица, во поголем број тинејџери, на кои пралелно им беше поделен промотивен материјал – флаер и брошура со корисни информации темата. На самата работилницата се зборуваше за контрацепцијата, односно што претставува и зошто треба да се користи, кои контрацептивни средства се најсоодветни за употреба од страна на младите и какви видови постојат. Исто така, се зборуваше подетално и за сексуално преносливите инфекции (СПИ), колку видови има, кои се најчестите сексуално преносливи инфекции, како се пренесуваат и како да се заштитиме од истите. Посочени беа и штетните последици по здравјето особено кај младите кои ги предизвикуваат, како и за симптомите кои ги манифестираат.

Редовните гинеколошки прегледи имаат за цел рано откривање на одредени промени и навремена интервенција. Затоа, истакната беше важноста девојките и жените редовно да прават превентивни прегледи, а оние кои се сексуално активни и ПАП-тестови. Во прилог на ова се зборуваше за едно од најчестите заболувања кај нас и во светот -рак на грлото на матката, ризик факторите, симптомите како и превенцијата. Статистиките покажуваат поразителни бројки на заболени и смртни исходи. Затоа е од животна важност секоја жена да направи гинеколошки преглед барем еднаш годишно.

Дополнително се зборуваше и за тоа што ако се случи несакана бременост. Нормално е да се чувствува збунетост и страв, па затоа истакната беше потребата во тој момент од разговор со луѓето на кои им веруваме, со цел да се донесе правилна одлука. Во одредени случаи кога е потребно треба да се разговара и со професионално лице. Доколку се одлучи да се прекине бременоста, тоа да се направи исклучиво во Болничка здравствена установа од страна на специјалист-гинеколог, со соодветна опрема и медицнски третман.

По презентацијата следуваше кратка дискусија помеѓу присутните и прашања поврзани со темата.

Similar Posts