Сведок си на коруптивно однесување или препознаваш судир на интереси од страна на државна или јавна установа или единица на локална самоуправа? – #ПРЕПОЗНАЈ #ОХРАБРИ СЕ #ПРИЈАВИ
СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп во рамки на проектот „Правна едукација за борба против корупција“ преку своите правници и параправници кои работат на територијата на општина Прилеп и околните рурални места, обезбедува:
- Правни совети;
- Упатување до институции;
- Помош при пријавување случаи на корупција.
Здружението ја обезбедува оваа правна помош бесплатно, а тоа може да биде правна информација, пополнување формулари и пишување претставки до надлежните институции, Народен правобранител и Државна комисија за спречување на корупцијата.
Услугите се строго доверливи!


