Детските бракови се многу честа причина и извор на родово-базирано насилство!
На ден 26.11.2024 година, во соработка со МВР – Сектор за внатрешни работи – Битола и Одделение за внатрешни работи – Прилеп организиравме едукативно предавање на тема „Семејно насилство и малолетнички бракови“ како уште една во низата активности за одбележување на 16 дена активизам против родово-базирано насилство.


Предавањето беше наменето за млади од Прилеп и регионот, со посебен фокус на млади од маргинализирани заедници.
За време на предавањето преку презентација на факти и бројки за реалните состојби со детските бракови, како на национално, така и на локално ниво, дискусија и интеракција со учесниците, беше истакната важноста од препознавање, реакција и превенција на родово-базираното насилство, од најмала возраст. Исто така се зборуваше и за ризик факторите и последиците од детските бракови, за кои најчесто децата и родителите не се доволно свесни, а понекогаш затајува и постапувањето на институциите за ваквите случаи, што на крај доведува до родово-базирано насилство поттикнато од раните детски бракови.



