Прв состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои помагаат на жени жртви на насилство

На 22 ноември 2024 година, Христина Здравеска – правник од нашето Здружение присуствуваше на првиот состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои работат со жени жртви на насилство кој се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Франција.

Одделот за насилство врз жените на Советот на Европа го собра почетниот сет на членови на оваа нова мрежа со цел споделување знаење и вмрежување. Со присуство на адвокати и невладини организации кои им помагаат на жртвите од 38 земји-членки на Советот на Европа, состанокот го означи почетокот на зајакнатата соработка и споделувањето на правните стратегии за случаите на насилство врз жените меѓу адвокатите во Европа. Сесиите опфатија клучни теми, вклучително и растечката јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права за случаите на семејно насилство и силување, стратешката улога на Истанбулската конвенција во судските спорови и студии на случај кои илустрираат ефективни правни пристапи.

Целта на Мрежата е да ја олесни редовната размена меѓу адвокатите од сите земји-членки на Советот на Европа и да послужи како платформа за споделување знаење за стратешки судски спорови за насилството врз жените. Преку иновативна судска практика на национално и на европско ниво ќе се подобри имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција) и Европската конвенција за човекови права.

🔗Повеќе информации за мрежата и нејзините активности ќе најдете на следниот линк

Similar Posts

  • Прва фокус група

    На ден 26.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа првата фокус група со жени од Ромската заедница. На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација.   ——————————————————————————————————– Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска дискриминација во  Северна…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

    Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп. Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и…

  • Завршна конференција – Проект: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 27 јуни 2023 година, се одржа завршна конференција со која успешно беше заокружен проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој се спроведува од јануари 2022 година и завршува во јули 2023. Воведни обраќања на настанот имаа г-н Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, г-а Весна Наковска, раководителка на одделението за бесплатна…

  • ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп за потребите од спроведувањето на проектот: „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“, кој е финансиран од Европската Унија преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“, објавува:

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше серија на обуки за промоторите во заедницата

    “Пристап до правда – да се знае, користи и обликува правото“! Во периодот февруари – јули 2020 година, здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. одржа серија на обуки за промоторите во заедницата, со цел правно зајакнување на Ромите. Трите обуки се спроведоа во рамките на активноста: „Серија обуки за правно зајакнување на промотори…