На ден 29.11.2024 година во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ.



На настанот се дискутираше за моменталната состојба со примената на институтот условен отпуст и се споделија предизвиците, проблемите и предлог решенијата на темата од страна на чинителите од различните институции кои се дел од процесот.


Од страна на сите учесници се постигна заедничка согласност дека е потребна почеста употреба на пробацијата и условниот отпуст со заштитен надзор како ефективни алатки за намалување на затворската пренатрупаност, а истовремено постигнување ефективно санкционирање и можност за ресоцијализација и реинтеграција.





На настанот беа присутни Директорот на управата за извршување санкции, Директори на казнено-поправни установи, судии, професори, студенти, како и претставници на Сектори за ресоцијализација при КПУ и пробациски канцеларии.



*Активноста се одржа во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” кој го спроведуваат Македонско здружение на млади правници во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права, Избор Струмица и Македонско пенолошко друштво, со поддршка од Европска Унија.